Денеска, 6 јули е светскиот ден на бакнежот, кој се прославува од 1988 година.На Денот на бакнежите бидете во друштво со најблиските, пријателите, кажете им убав збор, прегрнете го оној на кој му треба утеха, подарете искрена насмевка бидејќи насмевката е бесплатна, подарете љубов, бидејќи љубовта го движи светот.
Според многумина се вели дека бакнежот го измислиле средновековните витези. Тие така ги проверувале своите сопруги дали тие пијат вино. Други пак велат дека бакнежот потекнува од мајката и детето. Трети тврдат дека бакнежот уста во уста е измислен од мајмуните.
Бакнежот е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу животните. Обично се смета за основен сексуален акт, при кој партнерите се допираат со усните при што се разменува плунка. Бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се сметаат за чувствителна ерогена зона.
Општо прифатената норма за бакнежот вели дека тој означува љубов или привлечност.На Денот на бакнежите бидете во друштво со најблиските, пријателите, кажете им убав збор, прегрнете го оној на кој му треба утеха, подарете искрена