Протестно неверство – тоа е одмазда на човекот кој добива од својот партнер студенило и болка.Романтично неверство
Тоа е бегство од рутината и монотоноста на семејниот живот преку нови искуства, емоции и фантазии. Освен тоа, се одржува долгорочна врска во која нема соживот, но има многу нови чувства, емоции и впечатоци.
Протестно неверство
Тоа е одмазда на човекот кој добива од својот партнер студенило и болка. Во таква ситуација некои луѓе сакаат да ја покажат својата независност од целосно пасивниот или пасивно-агресивниот партнер. Како резултат добиваат емоции и искуства од друго место.
Мамење што треба да го привлече вниманието на партнерот
Причините се слични со протестното неверство, но тука често се користи близок човек до парот, бидејќи е задолжително да се привлече вниманието и да се предизвика жал кај партнерот. Таквите изневери, во кои човек бара контакт со близок пријател/ка, често звучи како шамар за недоволно добиените емоции.
Мамење со цел да се стави крај на врската
Тоа може да биде прикажано, исто како претходниот вид, но задолжително се бара конечен завршеток, а не шок-терапија. Кога односите изгубиле смисла и ништо не помага, а партнерот не е искрен човек кој најнапред би ја прекинал претходната врска, тој може да изневери и потоа да се пофали.
Мамење – „осигурување“
Ако човек смета дека наскоро неговиот партнер ќе си ги собере работите или ќе му ја покаже вратата во зависност од сопственоста на станот, тој / таа би можел однапред да си обезбеди „резервна“ опција, за да ја спречи осаменоста.
Мамење – „дрога“
Ова се случува кога човек е зависник од секс, но не го добива од својот партнер доволно или едноставно е премногу голем познавач на љубовната уметност за да се ограничува само на еден извор. Сексуалните зависници имаат потреба од емоции за задоволување на секојдневниот нагон и средство за добивање на доверба. По правило, таквите изневерувања се вршат со проститутки и случајни луѓе и не се поврзани со никакви чувства.