Како се станува порно актер на Балканот: Не мастурбирај два дена и…

Ако во западниот свет, особено во САД, снимањето на филмови за возрасни е легално, а актерите имаат обврска да минуваат здравствени контроли, пријавени се и добро платени, на Балканот состојбата е многу поинаква.Но, на интернет може да се најдат огласи на кои може да се пријавите како актер во некој порно филм.
Српски новинар се прашувал што сѐ е потребно за да се биде порно актер, па завртел на телефонски број кај еден од најпознатите режисери на филмовите за возрасни.
-Треба да ми пратите неколку ваши фотографии, висината, тежината, контакт телефон – одговорил човекот кој оставил оглас дека бара порно актери.
-Мора да додадете дали некогаш сте снимале порно филм, за кого, но и какви филмови би сакале да снимате. Ако одговарате за работата, ќе ве побарам – му одговорил човекот на српскиот новинар кој сакал да ја истражи процедурата.
Доаѓа моментот кога се разговара за парите.

-Тоа се одредува дури откако ќе се сними пробна сцена, да видиме како сето тоа изгледа. Многумина се фалат дека се супер, а кога ќе се запалат светлата и камерата, ништо, не е тоа – тоа!
Дури на прашањето дали сите актери се тестираат на полно преносливи болести, посочил дека тоа е обврзно. Новинарот го пренесува и искуството на Ненад Стефановиќ, познат во индустријата како Неша Манијак. И тој го имал истото искуство, па продолжува.
-Ме повикаа на пробното снимање и ми порачаа да не мастурбирам два дена заради подобар ефект. Девојката ме воодушеви, беше убава и згодна. Снимањето траеше 15 минути и тоа со фотоапарат. За улогата добив 50 тогашни марки – раскажува Неша.
Продуцентите биле задоволни и по два дена го викнале за второ снимање, по што во 15-годишната кариера има снимено околу 30 филмови за српскиот пазар, додека во странство околу стотина филмови за возрасни.
Новинарот повеќе не се јавил на огласот, но затоа дознал и пренел сѐ за тоа како се станува актер во оваа индустрија.

Пронајдете не на следниве мрежи: