Најголемата љубов на Холивуд!

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон… Една од најпознатите Холивудски двојки. Во пресрет на Денот на вљубените, прочитајте ја нивната љубовна приказна.Најстрасната љубовна приказна на сите времиња, започнала во 1961 година, на снимањето на филмот Клеопатра. Главната улога ја толкувала деветнаесетгодишната Елизабет Тејлор. Тогаш го запознала човекот на нејзиниот живот – Ричард Бартон. Тие веднаш се вљубиле.
Елизабет и Ричард, по снимањето на филмот ја започнале својата врска иако и двајцата биле веќе во брак. Само по девет дена, откако славната актерка се развела од претходниот сопруг, Елизабет и Ричард ја најавиле својата свршувачка. Велшката ѕвезда, Ричард Бартон, ја запросил Елизабет со платинест привезок од Булгари, на кој се наоѓал смарагд од 18,61 карати опкружен со дијаманти, дизајниран така да може да се носи и како брош.
Венчавката се случила во Монтреал, на 15. март 1964 година. На церемонијата присуствувале само девет луѓе. Тие рекле дека нивниот брак ќе трае вечно и се многу среќни.
Елизабет изгледала како вистинска божица. Носела кралска венчаница од свила во жолта боја. Изгледот го надополнила со брошот од смарагд и дијаманти, а во косата носела лилјани и бели зумбули.
Елизабет и Ричард биле во брак десет години и биле познати како најголемиот Холивудски пар. Но оваа њубов имала бурен однос. По година заеднички живот, тие се развеле.
За Ричард и Елизабет се зборувало дека не можеле да бидат заедно, но и дека не можеле еден без друг.  Најстрасната љубовна приказна на сите времиња, започнала во 1961 година, на снимањето на филмот Клеопатра. Главната улога ја толкувала деветнаесетг

Пронајдете не на следниве мрежи: