ТРИ РАБОТИ ЗА ВРСКАТА, кои не треба да ги кажуваш на другарките!

Повеќето девојки од мали нозе се научени да споделуваат се со своите другарки, а штом стапат во врска или брак, таа желба дополнително се зголемува.Тоа е примамливо, бидејќи сакаме некој да не слуша, да не поддржи и да биде на наша страна. Меѓутоа некои работи треба да ги зачуваме само за себе.
Детали за вашиот сексуален живот.
За повеќето парови, постојат секс тајни, за кои едниот партнер се надева дека никогаш нема да бидат откриени пред пријателите или семејството. Било да се работи за омилената поза, времетраењето или должината. Тоа е нешто што се случува во спалната соба и се однесува исклучиво меѓу тебе и него.
Неговата плата
Плата, трошоци, долгови, тоа е исто така за повеќето парови приватна работа. Ако се работи за ниски примања или големи долгови, тој може да се почувствува засрамено и помалку вредно, ако знае дека твоите другарки знаат за неговата финансиска ситуација. Исто така е непријатно и да се фалиш, ако тој има големи примања.
Нешто што ти кажал во доверба
Можеби тој ти кажал некоја тајна и те замолил да не ја споделуваш со други. Иако знаеме често да дојдеме во искушение и да споделиме некоја тајна со пријателите, сепак не треба. Ако знаеш дека тоа може да го повреди на кој било начин, задржи го за себе, бидејќи никогаш не можеш да знаеш што може да произлезе од тоа.
 
 
 Тоа е примамливо, бидејќи сакаме некој да не слуша, да не поддржи и да биде на наша страна. Меѓутоа некои работи треба да ги зачуваме само за себе.

Пронајдете не на следниве мрежи: