Пет години од почетокот на светската економска криза – како започна се?

Денес е петгодишнината од почетокот на светската економска криза која ја почувствува и Македонија. Големата економска криза започна по колапсот на Леман Брадерс, големата инвестициска банка од Вол Стрит. За многумина ова беше почеток на криза која најавуваше дека ќе биде доста голема и тешка. 
Пет години по тоа и две години по стартот на акцијата Окупирај го Вол Стрит, светскиот финансиски центар во Њујорк драстично се промени под дејство на новите регулативи, и според некои проценки стана потпретпазлив за својот имиџ пред реалниот сектор. 
Ројтерс и Ипсос направија истражување кое покажа дека претставниците на нефинансискиот сектор во САД се уште се лути на банкарите и нивната улога во финансиската криза. 
Анкетата на повеќе од 1.400 полнолетни граѓани, покажала дека половина од нив веруваат дека не се случиле доволно реформи за да спречат ваква криза во иднина. Речиси 44 отсто од испитаните сметаат дека владата не требало да ги спасува финансиските институции, додека само 22 отсто мислат дека тоа бил правилен потег.
Педесет и три отсто мислат дека не било доволно сторено за санкционирање на одговорните банкари, а 15 отсто се задоволни од вложените напори на истражните органи.
Покрај тоа според проценките оваа криза ја чинеше американската економија повеќе од 14 илјади милијарди долари или околу 120 илјади долари по секое домаќинство. Големата економска криза започна по колапсот на Леман Брадерс, големата инвестициска банка од Вол Стрит. За многумина ова беше почеток на криза кој

Пронајдете не на следниве мрежи: