Може ли вирусот зика да се пренесе преку секс?

Целиот свет е во паника заради новиот вирус кој се шири и е вистинска закана да прерасне во епидемија. Вирусот зика не се пренесува од човек на човек, туку само преку крв, најчесто преку заразени комарци. Докторите утврдија дека може да се пренесе од мајката на бебето во време на бременоста. Но, дали вирусот може да се пренесе преку секс?Според докторите, одговорот на тоа пашање, за жал е потврден. Имено, во светот досега се забележани два случаи каде овој вирус се пренел преку секс.
 Таков пример е доктор Брајан Д. Фој, кој се заразил со вирусот зика во 2008 година во Сенегал. Се здобил со симптоми на главоболка, температура, болки во зглобовитеи црвени очи. Откако се вратил во родната земја, по неколку дена, ги забележал истите симптоми и кај неговата сопруга. Но, неговите деца биле здрави. На лекарски преглед утврдиле дека тој го пренел вирусот на својата сопруга преку секс.

Затоа, доколку сте посетиле земја во која има луѓе заразени од зика, веднаш појдете на лекар и избегнувајте сексуални односи додека не сте сигурни дека го немате вирусот.Според докторите, одговорот на тоа пашање, за жал е потврден. Имено, во светот досега се забележани два случаи каде овој вирус се пренел преку секс

Пронајдете не на следниве мрежи: