Како им ставив крај на бурните авантури и започнав здрава сериозна врска

На крајот на 2014 година, на вечера со една другарка се жалевме за нашите љубовни животи. И двете заклучивме дека сме имале многу неквалитетни и несериозни врски, кои на почетокот изгледале забавни, но после тоа станале лоши. Кога си одевме накај дома, направивме догвор да ги оставиме лошите врски зад нас и да започнеме успешни и среќни врски. И верувајте и двете ја остваривме целта!Можеби сте прочитале многу вакви приказни и скептично се насмевнувате. Но навистина верувајте во мојата приказна, имам добри совети за вас.
Прв чекор: Научете како да уживате кога сте сами
До неодамна имав нерационален страв дека ќе останам сама. Се сметам за многу друѓељубива, но, исто така сум мал интроверт кој сака да поминува време сам. Но, додека имав кратки авантури и бев честопати изложувана на одбивање, не можев да ги игнорирам чувствата на неуспех, самотија и невозвратена љубов.
Моите пријатели забележаа дека ми падна самодовербата. Затоа заклучив дека е време да ги прекинам нездравите врски и да се посветам на себеси. Започнав да се фокусирам на тоа што сакам кај себе.
По некое време, запознав еден дечко Кевин

Втор чекор: Знајте кога да кажете збогум
Со Кевин се запознавме на факултет. Имавме многу заеднички пријатели и по една кратка авантура во бар, започнавме совршена нездрава врска од 6 месеци.
Иако се чувствував подготвена за врска, не знаев која е вистинската личност за тоа. Со Кевин постојано се расправавме, раскинувавме и се смирувавме. Откако заклучив дека тоа не е добро за двајцата решив конечно да ставак крај на врската. До крајот на летото бев на раат сама.
По две недели, го запознав Роберт.
Трет чекор: Земете ги работите во ваши раце
Роберт е колега на една блиска пријателка. Се запознавме на една домашна забава на почетокот на летото, а повторно се видовме на крајот од летото исто така на забава. После тоа започнавме среќна врска. Тој е навистина прекрасен.
Најбитно е да имате верба во себеси!Можеби сте прочитале многу вакви приказни и скептично се насмевнувате. Но навистина верувајте во мојата приказна, имам добри совети за вас.

Пронајдете не на следниве мрежи: