Користите кондоми? Ако ги правите овие 10 грешки не ви вредат за ништо

Не е доволно да купите презерватив- клучно е да го ставите во вистиско време и да го користите одговорно, бидејќи грешките ќе резултираат со бременост и пренесување на разни болести.Кондомите се основна работа која ги штити луѓето од несакана бременост и сексуално преносливи болести, па не чуди фактот дека се најчест облик на контрацепција. И покрај логиката и медицинските докази, бројни се паровите кои се занесуваат и прават клучни грешки кои значајно ја намалуваат нивната делотворност, тврди др. Паул Турек кој ги открива најчестите 10 грешки.
1. Ставање на презервативот наопаку
Иако е прилично тешко да се навлече кондомот наопаку бидејќи е многу потешко да се отвори во еден смер отколку во друг, тоа сепак го прават многу мажи. Доколку таквиот кондом содржи спермицидно средство, тогаш и понатаму пружа заштита, но кај оние без него- ризикот од пукање и протекување на спермата низ него драстично расте.
2. Ставање два кондоми одеднаш
Паровите кои сакаат да бидат екстра внимателни мислат дека два кондоми е подобро од еден, но тоа навистина нема смисла. Тие премногу ќе го затегнат пенисот па се губи чувството, што ќе доведе до одложување на ејакулацијата а при подолг секс и триење полесно ќе се скинат.
3. Ставање на презервативот предоцна
Бројни се мажите кои ќе почекаат и кондомот ќе го стават дури по предиграта, но факт е дека семената течност која се појавува на главчето на пенисот за време на сексуалното возбудување може да предизвика бременост доколку дојде во контакт со вагината за време на плодните денови.

4. Ставање на презервативот прерано
Од друга страна, мажите не би требало да се обидуваат да го стават кондомот на пенисот додека тој не е во полна ерекција, бидејќи нема добро да „легне“ што го зголемува ризикот од поместување и излизгување во текот на сексот.
5. Оставање на презервативот на себе предолго
По сексот, бројни парови сакаат да земат момент и да не се мрдаат. Но, пред тоа секако би требало да го тргнете кондомот, бидејќи ејакулатот брзо ќе се стврдне, што може да доведе до иритација на кожата, а и мал дел од спермата да влезе во пенисот- што го зролемува ризикот од бременост за време на следната предигра.

 
6. Одмотување на кондомот до крај во раце
Некои мажи целосно го одмотуваат кондомот пред да го стават на пенисот, што дополнително го отежнува процесот. Тоа го зголемува ризикот од пукање, а правилниот начин е одмотување на пенисот, на сличен начин како што жените облекуваат хулахопки.
7. Користите презервативи со истечен рок на траење
Како што не пиеме млеко или јадеме сирење, така не би требало да користиме кондоми со истечен рок. Тоа значи дека е голема веројатноста дека гумата или латексот се исушил па можат да настанат пукнатини и дупки.

8. Избор на погрешна величина
Мал, среден голем-мажите често имаат проблеми со проценката на својата величина, односно најчесто се преценуваат . Погрешната величинадрастично ја намалува заштитата.
9. Повторно користење
Ова е најглупавата работа која можете да ја направите, бидејќи освен што е нехигиенски- значително го зголемува ризикот од бременост како и ризик од пукање.
10. Не обрнување внимание на пукнатини
Пукнатините на кондомот за време на сексот не би требало да бидат чести. По сексот треба да се провери дали тече од кондомот и во согласност со тоа дополнително да се заштитите.Кондомите се основна работа која ги штити луѓето од несакана бременост и сексуално преносливи болести, па не чуди фактот дека се најчест обли

Пронајдете не на следниве мрежи: