Google вреди повеќе од Apple

Според еден од последните извештаи на Wall Street Journal, Google го поминал Apple во делот на компаниска вредност.
Според американските рангирања, корпорациската вредност  може да се процени според компаниската пазарна вредност минус нето готовината која ја имаат на нивните сметки. Вредноста на компанијата се зема да биде пазарна вредност, каде што на корпорациската вредност се додава нето готовината. Меѓутоа според аналитичари на Wall Street Journal готовината која компаниите ја имаат во банките не ја претставува нивната моментална оператива.
Пазарната вредност на Apple е 378 милијарди долари, меѓутоа нето готовината е 145 милијарди, па според нив вредноста на моменталната оператива на Apple е 233 милијарди. Пазарната вредност на Google е 286 милијарди, додека нето готовината изнесува 45 милијарди, што значи вкупната оператива изнесува 241 милијарда долари, што е за 8 милијарди повеќе од Apple и технички Google е повредна компанија. 
Ова го објаснуваат на следниот начин: „Ако купите куќа за 378 илјади долари, меѓутоа на подот во дневната соба најдете 145 илјади долари, реално сте платиле 233 илјади долари“. Тоа, всушност, е вистинската вредност на куќата. 
Дури и според конвенционалните финансиски метрики, Google се доближува до неговиот најголем ривал, а тоа може да биде добро за корисниците, бидејќи натпреварувањето донесува иновации.
Може да ве интересира:
Паѓаат акциите на AppleСпоред еден од последните извештаи на Wall Street Journal, Google го поминал Apple во делот на компаниска вредност.

Пронајдете не на следниве мрежи: