Тактики на заведување кои МОРА ДА ГИ ПРОБАТЕ

Тактики кои задолжително треба да се пробаат!Гола во креветот, постојано не!
И да бидете комплетно разголена пред него со дрзок и самоуверен став при сексот е дефинитивно задоволство плус, да бидете разголена пред него секој ден одзема од возбудата затоа што тој секој ден има се послужено на тацна.
Одржувајте мистерија!
Доколку вашиот партнер постојано ги гледа вашите гради, тоа ќе ја убие фантазијата и тој повеќе нема да замислува како ја кине блузата од вас за да дојде до она што е под неа. Дури и да сте со некој долго време, мора да одржувате зрак на мистерија околу вас.
Па така кога ќе излезете од тушот, завиткајте се со пешкир за да не ве гледа гола. Вашите градници не ги изложувајте на првата жица пред неговиот видик, туку сокријте ги одзади, па во фиоката за да ги доживува како нешто поврзано со вашето жешко тело, а не како дел од алиштата за перење.
Дискретно заведување!
Иако е секси од време на време да го изненадите со некоја дрска порака како „Сакам да те почувствувам во мене“, често е добро и подискретно да пристапите за повеќе да го возбудите.
Секој ден посебен парфем и посебна долна облека!
Скапите парфеми и луксузната долна облека не ги чувајте само за посебни пригоди, Французинките нив ги користат во секојдневниот живот. Носењето секси гаќички прави да се чувствувате посекси, а како резултат на тоа вие се однесувате позаводливо.
Парфемот пак кажува многу за вашата личност, па одберете впечатлив парфем и вашиот партнер ќе ве поврзува вас со овој сензуален мирис.
Мамете со поглед!
Можеби ова го користевте на почетокот со вашиот партнер, но тоа е совршено за секој период од врската. Вие го задевате и му ја покажувате желбата да бидете само со него, а тоа прави да посакува да ве одвлече во креветот, уште истата секунда.Гола во креветот, постојано не!
И да бидете комплетно разголена пред него со дрзок и самоуверен став при сексот е дефинити

Пронајдете не на следниве мрежи: