И ТОА ГО ИМА: Еве како живеат луѓето на кои воопшто не им е до секс!

Во светот во кој готово сѐ се врти околу сексот, луѓето кои не копнеат по него делуваат како да се од друга планета.Професорот по психологија, Ентони Богаерт, во својата книга „Разбирајќи ја асексуалноста“, објаснил неколку клучни научни тврдења во врска со оваа тема, вклучувајќи го и фактот зошто асексуалноста е битна за да се разбере поширокиот спектар на сексуалноста кај луѓето.
Богаерт ја дефинира асексуалноста како „недостаток на сексуална привлечност“ или „чувство на копнеж“ кон другите. Според неговите проценки, околу 1% од светската популација е асексуална.
Важно е да се напомене дека кај асексуалните лица сѐ функционира во физичка смисла, но само е намален интензитетот на сексуалната желба.
„Асексуалните лица помалку фантазираат од сексуалните. Имено, поголемиот дел од асексуалците никогаш не фантазирале за сексот“ – изјавил Богаерт.
Меѓутоа, интересно е дека поголем број од асексуалците мастурбираат, а најчесто тоа го прават за да се ослободат од притисокот, а во некои случаи и затоа што се привлекуваат самите себеси.
Додека целибатот во многу религии и традиции се слави како доблест, асексуалноста денес често се етикетира како пореметување. Но, асексуалците обично не покажуваат никакви знаци на инвалидност ниту стрес поради таквата состојба.
Токму поради тоа, тие спаѓаат во соодветната група за дијагностицирање на стресот, ризичното однесување и привремената непресметливост, што на крај може да влијае и на другата група – сексуалното мнозинство.
Интересно е дека асексуалните луѓе сакаат да бидат во романтична врска, но притоа се мисли на несексуални аспекти од љубовната врска.Професорот по психологија, Ентони Богаерт, во својата книга „Разбирајќи ја асексуалноста“, објаснил неколку клучни научни тврдења во вр

Пронајдете не на следниве мрежи: