И ОВА Е ВАЖНО: Работи кои секоја девојка МОРА да ги направи ПОСЛЕ СЕКС

Не е важно само како ќе протече сексуалниот чин, туку и она што следи после него! Погрешна реченица или постапка, после добра авантура меѓу чаршавите може да нанесе поголема штета отколку што можете да замислите. Опуштете се и прочитајте што е пожелно да правите откако ќе завршите со сексот.Одете на мокрење, но само доколку имате реална потреба за тоа
Сигурно сте слушнале дека одењето во тоалетот веднаш после сексот може да помогне во спречување на унирарните инфекции, бидејќи урината ја отстранува бактеријата ешерихија коли, за која постои веројатност за време на сексот да навлезе во мочното каналче.
Според мислењето на лекарите, ова може да е мит бидејќи не постојат студии кои тоа го имаат докажано. Затоа, доколку немате потреба за мокрење веднаш после сексот, не трчајте во купатилото бидејќи 20-минутното одложување на таа активност нема да го зголеми ризикот за уринарна инфекција. Наместо тоа, останете во кревет и применете го следниот совет.
Вратете си го „филмот“ и потсетете се што точно се случило
Проживејте ги во својата глава настаните кои штотуку се случиле, од почетокот до крајот. Доколку сексот бил добар, обидете се да се сетите што точно е тоа што го направил таков, а потоа кажете му на партнерот кои движења или работи ви се допаднале. Тоа е најдобриот момент да разговарате за тоа, кога впечатоците сеуште се свежи, па можеби од него ќе дознаете што да правите следниот пат за уште подобро да го задоволите.
Доколку, пак, сексуалното доживување не било баш најдобро, подобро е да разговарате за тоа подоцна, а не веднаш после интимните моменти.

Уште една работа која несомнено ќе ви го подорби сексуалниот живот е разменувањето на нежности и мазењето после сексот, а студиите се покажале дека паровите кои го практикуваат тоа имаат поквалитетна врска и повеќе уживаат во сексот.
Забележете го чувството на болка
Понекогаш за време на сексот се случува да почувствуваме болка, а две најчести причини за тоа се сувоста на вагината или подлабоко чувство кое може да биде предизвикано од констипација или грчење на мускули. Тоа може да се случи доколку партнерот ве „удри“ во еден од јајниците, кои за време на овулацијата се особено зголемени. Сепак, болката за време на секој сексуален однос не е нормална покава, особено ако истата трае неколку часа. Во тој случај најдобро е да поразговарате со лекар бидејќи тоа може да биде знак за посериозен проблем, како цисти на јајниците, фиброиди, а дури и рак.Одете на мокрење, но само доколку имате реална потреба за тоа
Сигурно сте слушнале дека одењето во тоалетот веднаш после с

Пронајдете не на следниве мрежи: