Kако да ја издржите првата средба со вашиот поранешен партнер?

Без разлика колку и време да поминало, поранешните партнери секогаш знаат да ги вратат спомените, моментите поминати заедно, па дури понекогаш и емоциите. Но како да го преживеете сретнувањето со него? Што ако има нова девојка и ги сретнете заедно? Бидете спремни…Знаете дека некаде ќе се сретнете, можеби и мислите дека сте потполно спремни за тоа, но во повеќето случаи првото сретнување е прилично чудно и тажно.
Еве како да го преживеете без многу стес и бламажа…
Најпрво, не морате да се сретнете 
Секогаш имајте на ум дека е сосем во ред да го игнорирате бившиот ако го видите и мислите дека не сте спремни. Ако мислите дека можете да го избегнете и мислите дека тоа е најдобра опција направете го тоа без многу размислување. Не му должите ништо.
Немојте премногу да се трудите
Бидете смирени и немојте да сакате да нагласите колку вие подобро одкако не сте заедно.Кратко позборувајте со него видете што има да каже и кренете понатаму.Ако се задржите повеке ке мисли дека му недостасувате што веројатно него сакате.
Бидете љубезни
Ако е со новата девојка, бидете срдечни и однесувајте се нормално,немојте да бидете безобразни и да покажете дека ви смета, но немојте и да глумите дека сте одушевени од неговото појавувањебидејки сите знаат дека не е вистина.
Треба да тргнете први
Најдобро е ако вие иницирате разделување бидејки некаде брзате, бидејки така ке делувате дека сте го преболеле прекинот на врската, дури и да би се расплакале поради сретнувањето.Знаете дека некаде ќе се сретнете, можеби и мислите дека сте потполно спремни за тоа, но во повеќето случаи првото сретнување е прилично чудно

Пронајдете не на следниве мрежи: