Девојки не се надевајте: Овие типови момци НИКОГАШ нема да се сменат!

Колку и да ве предупредуваат, љубовта знае да биде слепа. Но, знае да биде и болна доколку на време не ги согледате нештата онакви какви што се!За жал, некогаш и не е се така розево како што мислиме, посебно не со оние за кои мислиме дека со текот на времето ќе се сменат.
Овие типови на момци се пример за тоа:
1. Пати по бившата
Можеби мислевте дека кога вие ќе се појавите, веднаш ќе ја заборави бившата, но за кратко ќе видите дека таа може и воопшто да не е во негова близина, но сè уште го има неговото срце. Него сè го потсетува на неа и постојано ја спомнува. Бегајте побрзо од него, ако не сакате цел живот да го слушате како кука.
2. Негативно размислува
Нему сè му пречи, од црцорењето на птиците, до редот во банка или на каса, постојано е нервозен и за сè има забелешки. За него никогаш нема да биде доволно добро што и да направите и ќе се чувствувате виновни за сè што му се случува. Нема да го разубедите, тој така гледа ан сите работи.
3. Сака сè да контролира
Ова е една од најлошите машки особини. Може и од дома да не излегувате, но тој постојано ќе ве обвинува за можно замислено неверство и никогаш нема да ви верува доволно за што и да му кажете освен ако не е врзан за вас. Од постојаната потреба за контрола, тој е опседнат со сомнежи.

4. Љубоморен
Може и да ви верува вам, но се вади на тоа дека не им верува на другите. Едноставно, го мрази секое машко присуство во ваша близина, макар да е тоа и најдобриот пријател. Нема долго да издржите и ќе почне да ве гуши сето тоа.

5. Постојано греши и постојано се извинува
Во ред е да се прифати извинување на некој кој случајно згрешил или искрено се кае. Но ако тој постојано ве лаже, изневерува, а потоа се извинува и ве моли, оставете го веднаш. Тој е така навикнат и колку пати што ќе му простите, уште толку пати ќе го повтори истото.За жал, некогаш и не е се така розево како што мислиме, посебно не со оние за кои мислиме дека со текот на времето ќе се сменат.
Овие типов

Пронајдете не на следниве мрежи: