Возбудливо, па болно: Како изгледа да се биде љубовница од „прва рака“

Спротивно на предрасудите, љубовниците  во однос влегле често непланирано и не знаејќи дека се „втори“, а во тие односи повеќето се несреќни. Ви изнесуваме 10 признанија.Љубовниците се мета на осуди, „разорувачки“ на бракови и врски, жени без морал, барем е таква нивната перцепција во општеството. Нивниот таен, двоен живот често е се само не среќен, а незаслужно на нив се префрла целата вина која би требало да биде насочена кон прељубникот. Најчето и тие се оние кои се изневерени- на почетокот на односот многумина не насетуваат дека мажот не е слободен, а накнадно им се продаваат приказни за несреќен брак, хистерична сопруга, недостаток на секс, остануваат само поради децата, подготовки за развод…
Пиказната на таквите жени, како и оправданијата кои сами на себе си ги даваат за тој однос, ги носи апликацијата Whisper:
-Јас сум „втора жена“. Чувствувам огромна грижа на совеста  но зависна сум од вниманието кое ми го дава. Живеам за миговите кои ќе ги минеме заедно и не можам да си помогнам, барем во момент на рационалност ми е јасно дека всушност мојот живот тој кој е на „почек“.
– Љубовница сум и знам дека работите никогаш нема да успеат помеѓу нас. Дури и да ја остави сопругата, иако сите ми велат дека тоа нема да се случи, не знам како би можела да му верувам дека истото нема да ми го стори мене.
– Сакам да мислам за себе како за феминистка, борец за рамноправснот на половите.  Не ми кажа дека има жена се додека не се вљубив целосно, а неговите оправданија и причини секогаш звучат така уверливо додека сум со него. Изгледа дека не заслужувам подобро- одам против сите ставови  и логики.
– Јас сум љубовница. Одвратно е да се каже, но некако ја сакам моќта која ја имам, сознанието дека порадо е со мене откаколку со сопругата. Многу беден и лажен начин за кревање на самодовербата.

 
-Љубовница сум на постар маж и се чувствувам грозно поради тоа. Ги лажам сите и не можем да се натерам себе си да го напуштам, па сама себе си се правдам дека ќе излезам од тоа штом направи нешто ужасно или престанам толку силно да го сакам.
-Љубовница сум му на најдобриот пријател. Го мразам тоа што тој не може да дојде кај мене да спие или да ми се јави на телефон. И покрај тоа што јас трчам кога тој ќе се јави.

– Велам дека немам проблем со тоа што сум „втора жена“. Всушност не сум, туку сум очајна за тоа да бидам сакана, да се задоволувам со ронки. Мислам дека никој нормален не би сакал да биде љубовник или љубовница.
– Неговата сопруга не го заслужува тоа, знам. Но се тешам со сознанието дека доколку  јас не сум му љубовница, би се нашла некоја друга која би го потполнила тоа место.
– Ги видов во гардот како се шетаат и се држат за рака. Мене ми кажа дека бракот му е катастрофа и не спиеле заедно повеќе од пет месеци. Во животот не сум почувствувала поголема болка.
– Тажно е тоа што сега како љубовница добивам поголемо внимание отколку било кога претходно во врската. Грозна е помислата дека мажите повеќе ги ценат љубовниците, но тоа мене ми се покажа како вистина.Љубовниците се мета на осуди, „разорувачки“ на бракови и врски, жени без морал, барем е таква нивната перцепција во општеството. Нивнио

Пронајдете не на следниве мрежи: