Што мислите: Која е најдобрата возраст за стапување во БРАК?

Резултатите од најновата американски научна студија покажале дека најдобра возраст за склучување на брак е помеѓу 25 и 32 години, а воедно и дека постојат најмалку шанси за развод доколку се стапи во бракот на таа возраст.Според податоците на американскиот Универзитет во Јута, оние кои ќе влезат во брак по 32 години се во многу поголема опасност дека ќе се разведат во споредба со парови кои се венчале во доцните дваесетти. Студијата во предвид ги земала социјалните и демографските фактори како што се расата, структурата на семејството, религија, сексуална историја, како и големината на местото каде што живеат паровите.
Податоците покажаа дека доцните дваесетти се најдобри години за склучување на брак, изјавил Ник Волфингер, водач на истражувањето. Тој посочи дека резултатите јасно покажуваат дека луѓето кои стапуваат во брак во доцните триесетти години, веројатноста дека ќе останат во брачна заедница е помала.Оние кои ќе ја надминат 32 години и ќе се одлучат да застанат пред олтарот не може да ги имаат потребните предиспозиции за квалитетен брак, или поради „тешката’ личност или проблеми со воспоставување меѓучовечки односи, а од тука произлегува и поголемиот ризик за развод, вели истражувачот.

Студијата укажува на тоа дека некои луѓе кои во своите триесетти години би можеле да бидат добар брачен другар, подобро се чувствуваат како „сингл“ или повеќе се за тоа да живеат во вонбрачна заедница. Луѓето кои го одложуваат стапувањето во брак толку многу се навикнуваат на самечкиот живот, кој им пречи да бидат добри сопружници ако некогаш се одлучат да стапат во брак.
Оваа студија користела статистички податоци од Националниот завод за семејство во периодот од 2006 до 2010 година.Според податоците на американскиот Универзитет во Јута, оние кои ќе влезат во брак по 32 години се во многу поголема опасност дека ќе се разведат в

Пронајдете не на следниве мрежи: