Бакнувајте тука! Eрогени зони на машкото тело кои можеби не сте ги знаеле до сега…

Експертите велат дека постојат ерогени зони кај машкото тело кои најголем дел од жените не ги откриле.Веројатно ги знаете вообичаените места каде треба да ги допрете мажите за да се возбудат, но има и некои помалку очигледни.Стапала 
Постои древна пракса со која преку масажа на стапалата доаѓа до еротско задоволство. Факт е дека на мажите им годи допирање по стапалата, па не мора да бидете експерт за масажа – доволно е само малку добра волја. Искористете ја приликата кога ќе видите дека партнерот се обидува да се опушти и изненадете го со масажа на стапалата – може да му се допадне повеќе од што мислите. Уши 
Многу мажи сакаат допири по ушите, па за нив често оваа занемарена област е ерогена зона. Обидете се полека, така што со прстите ќе го погалите по местото каде што увото се спојува со лицето, а потоа движете се по ушната школка. 
Зад колената 
Ова место кое е познато како скокотлива област, во вистински момент и при вистинска атмосфера, може да стане и област на задоволство. Овде кожата е нежна, има мали влакненца, па на многу мажи им годат допири и бакнежи токму таму. Оргазмот е последица на собирање и нагло ослободување на сексуалната тензија, па колку е поголема тензијата, толку и оргазмот ќе биде поинтензивен. Не ве чини ништо да пробате, а него би можело многу да му значи.
Долниот дел од стомакот 
Допири по долниот дел од стомакот го поттикнуваат крвотокот и прават мажот да се наежи. Почнете да го допирате во тој дел, каде тој веројатно ќе очекува да преминете и подолу, но оставете го малку да почека, и така зајакнете ја сексуалната тензија.
 

Внатрешната страна на бутовите 
Нежни допири по внатрешната страна на бутовите многу брзо можат да го доведат вашиот партнер до вистинска возбуда. Тој повторно ќе биде полн со исчекувања, но обидете се да си дадете време малку да го залажувате на ваков начин.Мозок 
За мажите умот е многу моќна ерогена зона, па затоа за секунда ќе го излудите ако му шепнете нешто секси. Кога неговиот мозок почнува да чувствува возбуда, почнува и неговото тело.
Очните капаци 
Кога очите му се затворени, нежни допири или бакнежи на капаците се убав гест на нежност, кој ќе му покаже дека го сакате, но за некои мажи ова може да биде и многу возбудливо. Многу мажи сакаат кога жената има контрола, па вашата доминантна положба во ситуацијата кога очите му се затворени, би можела многу да го возбуди.
Врат 
Скокотнете го по вратот и допрете го по клучната коска со врвовите од прстите и веројатно веднаш ќе биде подготвен за сексуална игра.Обидете се да му ги стимулирате двете области одеднаш, така што нежно ќе го бакнете во вратот, додека со рацете му ја допирате клучната коска.Чело 
Челото можеби делува како дел од телото кој не е ни малку еротичен, но всушност не е така. Целата кожа на главата е полна со нервни завршетоци. Кога нежно му ја масирате главата од работ на косата кон внатрешноста на челото, неговото тело лачи хормони кои лесно можат да предизвикаат возбуда.Веројатно ги знаете вообичаените места каде треба да ги допрете мажите за да се возбудат, но има и некои помалку очигледни.Стап

Пронајдете не на следниве мрежи: