Како да препознаете кога вашата нова врска НЕ функционира

Можеби мислевте дека сте го нашле вистинскиот партнер за вас, но во последно време сте почнале да увидувате знаци кои укажуваат дека вашиот однос баш и не функционира.Доколку препознаете некои од следните знаци, време е да престанете да го трошите вашето скапоцено време и да продолжите понатаму.Не сте среќни 
Првите неколку месеци обично се споредуваат со фазата меден месец, бидејќи не можете да се заситите еден со друг. Тоа е времето кога двајцата сте пресреќни. Еден од знаците на предупредување дека новата врска не функционира е кога уште во старт не сте среќни и не сте сигурни во која насока се движи вашата врска.Вие не сте му приоритет 
Тој и не се труди да минувате квалитетно време заедно. Времето поминато на квалитетен начин е од суштинско значење за опстанок на врската, бидејќи на тој начин доаѓа до зајакнување на поврзаноста меѓу двајца луѓе. Добар партнер знае дека жената треба да биде еден од неговите најголеми приоритети во животот. Никогаш немојте да бркате маж кој делува незаинтересирано за врската, бидејќи така само му го трошите времето и нервите.
Премногу проблеми во комуникацијата 
Покрај сите други важни нешта кои се неопходни за функционирање на секоја врска, комуникацијата е најважна. Запрашајте се дали можете квалитетно да разговарате со вашиот партнер. Еден од знаците дека имате проблем е доколку не се чувствувате слободни со него да ги делите личните проблеми. Нормално, за делење на одредени тајни потребно е да помине доста време, но ако мислите дека со него не можете да ги споделите вашите искрени чувства, тоа е знак дека нешто не функционира како што треба.

Фантазирање за други 
Нормално дека од време на време фантазирањето за некоја атрактивна личност е сосема нормално појава. Но ако ви се чини дека ваквите мисли ви одземаат голем дел од времето и ако не можете да престанете да мислите на други мажи, значи дека вашето срце ви зборува дека не сте среќна со моменталниот партнер.Не можете да бидете она што сте 
Треба да се чувствувате она што сте, дури и на почеток на нова врска. Знак за предупредување кој никако не треба да го занемарите е чувството кое ви говори дека со парнерот морате да се однесувате на одреден начин, за да тој биде задоволен. Можеби се преправате дека ви се допаѓаат некои нешта кои не ви се допаѓаат, или пак ги криете вашите вистински мислења и чувства, за да повеќе му се допаднете. Вистинскиот маж ќе ве сака и почитува онаква каква што сте, затоа немојте да глумите.

 
Неговите луди идеи не ви се допаѓаат 
Доколку неговите идеи и предлози ве излудуваат, веројатно забележувате дека и тој секојдневно сѐ помалку ви се допаѓа. Ако ви е судено да ви успее врската, неговите идеи нема да ви пречат, туку ќе ви бидат забавни и интересни.Повеќе лоши отоколку добри нешта 
Време е детално да ја анализирате вашата врска со помош на класичната ЗА/ПРОТИВ листа. Направете листа на сите позитивни и сите негативни страни во вашата врска и видете која табела е поголема. Доколку преовладуваат негативните нешта и мислите дека нема шанси да се поправат, време е да излезете од таквата врска!Доколку препознаете некои од следните знаци, време е да престанете да го трошите вашето скапоцено време и да продолжите понатаму.

Пронајдете не на следниве мрежи: