Мал водич за првиот секс со новиот партнер…

Новото сексуално искуство со себе носи пред сè возбуда и забава, но и одредена доза на непријатности. Поголемиот дел од луѓето сакаат да се покажат во најдобро светло пред новиот партнер, а ако бидете спонтани и опуштени успехот нема да изостане.
Не планирајтеСо сигурност ви се случило некогаш некој настан да го планирате со денови и да го осмислите апсолутно секој детаљ, за на крајот сепак да се случи фијаско. Спонтаните нешта сепак се најдобри и токму затоа не се оптеретувајте премногу. Ако некој ви се допаѓа и мислите дека би можело да дојде до жешки игри, погрижете се кај себе да имате заштита, а на себе убава и заводлива долна облека.Опуштете го својот умМозокот е многу помоќен отколку што мислите дека е, па токму поради тоа е важно да се насочите кон позитивен и еротичен тек на мислите. Бидете сконцентрирани на желбата и страста, а така ќе бидете и на одличен пат за да ги откриите магиите на тантричкиот секс.

Нека почнат предигритеСеедно кој ќе ги води, важно е и двајцата да уживате и да им се препуштите на допирите и истражувањата на вашите тела. Не срамете се, бидејќи при толкава страст вашиот партнер нема да се оптеретува со вашиот вишок на килограми или можеби сокриените лузни. Заполовете во секси авантура и заедно освојте го врвот.

Истражете го секое ново делчеДодека нежно и страствено се бакнувате, користете ги врвовите на вашите прсти за да поминувате по телото на партнерот и да го запознавате. Не држете се строго до ерогените зони и дозволете ѝ на фантазијата да биде дива. Истражете што го возбудува, што го излудува, а што сепак не му годи.Намалете ги очекувањатаНикако не влегувајте во оваа авантура мислејќи дека ќе имате филмски епилог. Понекогаш, иако луѓето чувствуваат привлечност на прв поглед и имаат фантастичен контакт на почетокот, сексот сепак не е ниту одблиску до она што очекувале да биде. А ако размислите подобро, тоа е и логично бидејќи тремата и нервозата даваат значаен придонес, особено ако некој премногу ви се допаѓа.

 
Без глумењеАко играта на партнерот не ви одговара или би сакале да ја промените позата, кажете му го тоа. Не очекувајте тој да ви ги чита мислите, бидејќи е голема веројатноста дека нема да ги погоди.Не планирајтеСо сигурност ви се случило некогаш некој настан да го планирате со денови и да го осмислите апсолутно сек

Пронајдете не на следниве мрежи: