Од несоница до лоша фризура: 10 ситуации во кои СЕКСОТ навистина е РЕШЕНИЕ

Колку пати ви кажале дека сексот не решава ништо? и додека впуштањето во интимни односи  сигурно нема да ја поправи состојбата на вашата сметка, секој кој смета дека сексот не  помага  очигледно никогаш не ги доживеал ефектите на феноменалниот оргазам во време на главоболка.1.Кога не можеш да заспиеш
Што ќе ви е шолја чај или чаша топло млеко кога имате прекрасен лек против несоница?
2 По расправија
Ви кажал дека му е жал. Му простивте и го мислевте тоа, но дел од вас се уште сака да го претепа. Наместо тоа, исплескајте го по задникот и за неколку минути повторно ќе се мазите како и пред расправијата.
3. Кога стресот ќе надвладее
Повеќе не можете да седите во канцеларија, но утре имате голема презентација и се уште морате да ги поминете со шефот извештаите од последниот квартал. Изгледа дека треба што поскоро да договорите „состанок“ со својата посилна половина која ќе ве натера да заборавите на Ексел таблиците и пита- графиконите.
4. Пропуштивте прилика за вежбање
Никој не оспорува дека вежбањето  носи бројни предности на здрав живот, но одењето во теретана понекогаш едноставно може да ви здодее. Сексот не само што  бара од учесниците лесни кардио вежби и флексибилност, туку и ги остава со насмевка на лицето каква ретко се доживува на часовите по јога, на пример.
5. Одите надвор од градот на неколку дена
Ќе ви недостасува и вие нему, и ќе бидете осамени и разделени. Заборавете на се и дозволете им на телата да се поздрават на вистински начин.

 
6. Здодевно ви е
Досадата е емоција која може да доведе до носење прилично неразумни одлуки како полнење на лимитот на кредитната картичка преку онлајн пазарење. Подобро убијте го времето со партнерот во кревет. Сексот ќе ве спаси од оние „опасни“ несексуални активности.
7. Фризерот ви ја промаши фризурата
Плачевте, го преболевте тоа, се јавивте кај роднините и повторно плачевте, но ништо повеќе не може да ја врати  фризурата која ја имавте пред вашиот фризер да ја уништи. За среќа, има една навистина добра работа која ќе ви ја  врати самодовербата.
8. Не можете да се договорите околу филм
Вие сакате романса, тој акција. Споите ги двата жанра  и прескокнете го филмот и уживајте во спектакуларниот крај.

9. Доцна резервација во ресторан, а вие умирате од глад
Чекате место во новиот ресторан откако се отвори и не сакате да го расипете апетитот. Но, резервацијата во 22:30 толку ве изнервира што не знате што да правите до тогаш. Совладајте го гладот со задоволување на сексуалните апетити.
10.  Краток годишен одмор, катастрофален хотел
Чаршафите како да се направени од стаклена волна, воздухот како прво да минал низ индустриска зона и воопшто не сакате да знаете  на кој јазик разговараат бактериите во бањата. Единствен начин да заборавите на ужасната соба е малку забава. Само не заборавајте на знакот „не вознемирувај“.1.Кога не можеш да заспиеш
Што ќе ви е шолја чај или чаша топло млеко кога имате прекрасен лек против несоница?

Пронајдете не на следниве мрежи: