ИСПОВЕД: Овие љубовни грешки ги праев на 20 години, и за малку ќе ми го УНИШТЕА ЖИВОТОТ

„Јас ги правев овие грешки, но не морате и вие. Кога имаме 20 години ни се чини дека немаме ништо друго освен време. Сериозните работи како што се брак и деца доашаат подоцна, па се концентрираме на останатите работи „додека сме млади“. Вака ја почнува својата исповед Равид Јосеф, експерт за врски.“Во дваесетите години се фокусирав на кариерата. Бев луда по музика па ја прифатив работата за млад маркетинг менаџер  во компанијата „Interscore Records“. За само 4 години, напредував и од Млад станав Извршен менаџер.
Љубовта не ми беше приоритет. Се гледав со момци чат-пат. Иако тие во главно не беа прекрасни, си говорев себе си „нема да се омажам за него“. Не брзав нигде, а поради работата не ни можев да имам сериозна врска.
Мојот живот драстично се промени
Се беше игра и забава, додека едно утро во триесетите не се пробудив со рак.
Тогаш се запрашав што навистина сакам од животот.
Момчето со кое се гледав, не беше подготвено за било што сериозно. Јас бев. Сфатив дека моето однесување во дваесетите изгради многу лоши навики, и дека тоа беше само грешка кога се врските во прашање. Мојот лош вкус врзан за мажите се вкорени во мене.
Сега гледам дека дваесетите се всушност вежба за во иднина. Ако тогаш создаваме ѕидови, се дистанцираме и се гледаме со кретени, погодете што се случува во триесетите? И понатаму се гледаме со идиоти…

 
Превентивни мерки
Ако сега сте во дваесетите ве предупредувам да ги преиспитате своите љубовни навики.
Гледајте се со момчиња кои се добри, вежбајте да имате правилна љубовна врска. Не велам дека треба да се омажите на 20 години. Треба да се фокусирате на кариерата, свое усовршување и да станете добри луѓе, но покрај сето тоа градите и здрави емотивни навики.
Девојките кои ги преминале 30-тите а и понатаму се сами не треба да паѓаат во депресија и да трауматизираат за својот живот, туку да сфатат  кои се тоа погрешни навики кои треба да ги променат.
Рушење на старите навики
Земете лист хартија и направите 3 колони. На врвот на колоните напишете ги имињата на последните тројца момци со кои сте биле во врска.
Напишете одоздола што сакате кај секој од нив посебно. На друг лист напишете што не ви се допаѓа кај истите тие момчиња и зошто.
Почнете да барате образец. Обрнете внимание на типот на маж со кој сте сега. Почнете да се гледате со некој поразличен. Не се гледајте со момчето само затоа што сте се навикнале на таков тип. Почнете да се гледате со вистински мажи и вежбајте да бидете во нормална врска. Во дваесетите години се фокусирав на кариерата. Бев луда по музика па ја прифатив работата за млад маркетинг менаџер  во компанијата „In

Пронајдете не на следниве мрежи: