Момци…пазете се од ваквите девојки!

Постојат жени кои на своите партнери знаат и тоа како да им го загорчат животот. Многу бараат, љубопитни, пречувствителни и склони кон манипулации.
  
1. Детективка

Со таква жена животот ви станува квиз со безброј прашања. Сè што ќе кажете и направите, ќе наиде да нејзина осуда и критика. Тоа е жена која ќе запамти дека пред 8 години накриво сте ја погледнале, како и дека пред 11 месеци не сте и се јавиле затоа што сте биле на преглед кај лекарот.
Сите овие податоци се зачувани во нејзината датотека “Освета”. На неа, ќе морате да и се оправдувате за секоја постапка и да ја известувате за секој свој чекор. Ако сакате да имате живот како да сте секој ден на полициско испрашување, тогаш останете со неа. Ако не, бегајте…без оглед на се.
2.  Нестабилна манипулаторка

На креветот има 43 кадифени мечиња. Кога ќе ја запознаете, вашата единствена грижа е како да ги натерате нејзините нервозни кученца да ве засакаат.
Неколку месеци подоцна, кучето ви е најмала грижа. Тоа е жена која ќе ви се јави во три часот изутрина, за да ви соопшти дека одлучила да ја прекине врската.
Ќе манипулира со вас, како со мало дете. Ќе игра на картата – чувство на вина, а вие ќе ја молите да остане со вас. Ќе се вовлечете во магичен круг на топло-ладни односи, од кој нема да знаете како да се извлечете.
Препознајте ја навреме нестабилната манипулаторка и избегајте од магичниот круг. Едноставно исчезнете.

3. Спонзоруша

Пред да трепнете со окото, таа веќе ја скенирала вашата финансиска состојба. Знае колкава плата имате, како и колку ви вреди куќата, автомобилот и викендицата.
Таква жена можете да импресионирате исклучиво со својата кредитна картичка, која секако треба да и ја дадете на користење.
На неа, не сте и привлечни вие, туку животниот стил кој го имате. Ќе уживате во односите со неа, сè додека и го овозможувате она што таа го сака.
Кога вие ќе побарате нешто повеќе, ќе го откриете нејзиното второ лице. За таквите жени важи мотото “Додека сиромаштијата не не раздели”.
Ако се сомневате дека имате таква партнерка, тестирајте ја. Кажете и дека сето ваше богатство сте го подариле на некоја хуманитарна организација и внимателно следете ја нејзината реакција. 4. Аждаја

Таа вика, наредува и побарува…и тоа го прави постојано. Тоа е жена која ќе ви ја одземе машкоста. Таа е главна и нејзиниот збор е последен.
Вие сте неспособни. Не можете ниту автомобилот да го паркирате, без таа да прокоментира: “Што правиш, бе? Сврти ја поинаку, не таму бе, не тука!”
Кога конечно ќе соберете сила и ќе и кажете што мислите, ќе ве изненади сознанието дека таа пак е чекор пред Вас: “Те молам заќути! Како да сум во врска со пудлица. Тоа мене не ми треба во животот и си заминувам”.
Вие се чувствувате како крпа со која во моментот го избришале подот. Доколку не сакате такво чувство, тргнете се први и препуштете ја својата “мила” на некое поголемо “мажиште”.
5. Ледена кралица

Тоа е жена која кокетира со сите мажи, без исклучок. И да, изгледа подобро и од Gisele Bundchen. Меѓутоа, поладна е и од Сибир.
Ако се вратите уморни од работа и пробувате од неа да добиете прегратка и утеха, само ќе чуете: “Остави ме на мир. Само што го ставив сјајот на усните!”
Кога навечер ќе легнете во кревет, знајте дека нема да имате пристап на најзината страна од креветот, затоа што на неа и треба квалитетен сон, за да биде наутро поубава.
Ако барате нежност, топлина и заедништво, овој тип на жени не е за вас. Ако веќе сте заглавиле со некоја таква, време е да размислите за стратегија за бегање. 
1. Детективка

Пронајдете не на следниве мрежи: