Во врска сте со постар маж? Еве неколку непријатни факти со кои мора да се соочите…

Вистината боли, но понекогаш е неопходна за да не натера да ги избегнеме грешките во животот кои може непријатно да влијаат на нас. Тоа важи и за врските со постари мажи.Никој не може да го негира фактот дека овие врски имаат свои силни страни, но од друга страна, постојат недостатоци и непријатни работи кои мора да се прифатат.
Ова се неколку непријатни факти за врските со постари мажи:
1. Она што најмногу им се допаѓа кај вас се вашите години
Не станува збор само за вашата затегната кожа и младешки лик, туку и за тоа дека постарите мажи во овие околности имаат поголема моќ и контрола во врската.
Меѓу другото, тоа значи и дека постои поголема веројатност дека тој ќе ви биде прв во многу љубовни и сексуални искуства. Ако не ви е прв, тогаш со сигурност постои можноста дека со него ќе имате нови и неоткриени сексуални искуства. Од него за првпат ќе слушнете за некои легендарни музички бендови за кои никогаш дотогаш не сте слушнале. За првпат ќе гледате некој постар филм.
И сето тоа повеќе има врска со него одошто со вас.
2. Сигурно постои добра причина зошто нема девојка на свои години
Не мора предолго да останете во врска со постариот маж и вие да ги откривате неговите мани и недостатоци. Што е најважно, вие да откриете зошто не е способен за врска со личност на негова возраст.
3. Вашите родители нема да бидат среќни
Ова посебно важи ако сè уште сте во своите тинејџерски години и потполно не одлучувате за себеси. Постариот маж само ќе донесе секојдневни расправии меѓу вас и семејството, посебно родителите.

4. Сексот со него може да значи повеќе одошто мислите
Можеби сте се убедиле дека знаете што точно правите и дека нема да бидете драматични покрај другите девојки и дека тоа е секс кој го доживувате само на физичко ниво, но овие мисли кога тогаш ќе ве удрат во глава.
И со овој тип на мажи ќе се нервирате и ќе се чудите зошто не ви се јавува. Тоа не значи дека сте слаба и наивна личност, туку дека знаете што точно барате од партнерот.
5. Ако е оженет заради вас ќе ја напушти својата жена
Ова е една од тие работи кои никогаш не се случуваат, а многу девојки се цврсто убедени дека постариот маж ќе ја направи токму таа работа.

6. Не е добро да сте на исто емотивно ниво
Тој пораснал и созреал пред вас во целосно различно општество и вие сте во разлика неколку генерации. Тоа значи дека дури и на емотивен план треба да биде генерации пред вас.Никој не може да го негира фактот дека овие врски имаат свои силни страни, но од друга страна, постојат недостатоци и непријатни работи кои мора да

Пронајдете не на следниве мрежи: