ИЗГЛАСАНО: Еве кои се НАЈСЕКСИ професии…

Дали е до униформата, начинот на однесување или нешто трето? Кои професии најмногу ги возбудуваат луѓето? Дали вашата се наоѓа меѓу нив?
 1. Медицинска сестра и стјуардеса

Кај двете се работи за грижата за потребите на поединецот, и затоа овие професии најчесто се поврзуваат со сексуалните фантазии.
Секако дека за извршувањето на овие професии е потребна голема доза услужливост, љубезност и внимание. И затоа многу често ја будат фантазијата на оние кои во сексот сакаат да се милуваат и кои понекогаш сакаат да се чувствуваат малку немоќни, односно, своето тело да го препуштат во рацете на друга личност.
Кога на професијата ќе и се додадат и заводливоста, медицинската сестра и стјуардесата во жешките фантазии најчесто се облечени во мини здолништа, имаат големи гради и полни усни.
2. Учителка

Учителката во страсните фантазии ја отелотворува интелектуалноста и елеганцијата со мала доза на строгост.
Доминантната положба на жената која е самосвесна и многу добро знае што очекува од својот ученик.
Учителката во својата фантазија често ја замислуваат мажите кои во кревет сакаат жена која знае што сака и која знае да го земе тоа.
Во еротските мечтаења учителката често се појавува во кратко здолниште и кошула, на високи потпетици и очила.
3. Секретарка

Професијата секретарка често се доживува како секси благодарение на фактот дека им угодува на барањата на својот шеф.
Освен факторот услужливост и послушност, тука постои и одредена мера интелектуалност и службеност која во фантазиите порано или подоцна исчезнува, па настапува заводливата и секси жена која е подготвена да излезе в пресрет.
Секретарките во еротските мечти се појавуваат – во кратки здолништа, блузи со деколте, чевли на потпетици, подвезици..

4. Пожарникар

Пожарникарот како секси професија важи, пред сè, во Америка. Жените природно им се восхитуваат на мажите кои се подготвени да го жртвуваат својот живот за да спасат некого.
Сета таа жештина и пламенот кој притоа мораат да ги издржат претставува дополнителна пречка и дополнителен еротски стимуланс бидејќи асоцираат на испотено тело.
Се смета дека жените длабоко во својата потсвест сакаат да бидат спасени. Спасени од самечкиот или здодевен живот, како во сексот така и во секојдневните случувања.
Во фантазијата пожарникарите често се појавуваат голи од половина нагоре.
5. Војник

Војникот го добива својот сексапил благодарение на униформата. Жените кои сакаат силни, студени, бестрашни и цврсти мажи често ќе тврдат дека војниците се најсекси мажи во светот.
Војниците им се секси на жените кои покрај себе сакаат цврст и бестрашен маж кој целиот живот ќе го заштитува семејството.
Па така, во овој случај жените повеќе сакаат да бидат заштитени отколку спасени. Во кревет сакаат да бидат нежно совладани и подредени, или поинаку кажано, сакаат маж кој знае да го земе она што го сака. Во женската фантазија војниците често се валкани, калливи, испотени и без шлем.
6. Полицаец

Професијата полицаец е секси поради големата моќ и реквизитите кои ги користи. Може да ви стави лисици, да ви ги прочита правата и да бара да го направите точно она што и го сака од вас.
Значи, полицаецот е повеќе од примерна фантазија за жените кои во кревет сакаат да бидат водени и под надзор.
Пиштолот на појасот му овозможува целосна доминација. Плус, има и право да ве претресе од глава до петици.1. Медицинска сестра и стјуардеса

Пронајдете не на следниве мрежи: