ВЕЧНА ДИЛЕМА НА ДЕВОЈКИТЕ: Пет причини зошто момчето „испарува“ по првиот состанок!

Прв состанок, вие се облевавте со бакнежи и останавте надвор до три часот наутро. Но, недела покасно, тој не се јавува. Одвреме навреме испраќа по некој СМС, сè додека одеднаш не престане и со тоа. Зошто барем не се јави и каже дека тоа е тоа, наместо да остави сè во воздух! Посакавме тоа повеќе да не се случува па затоа се обидовме да дознаеме зошто тие одлучуваат да “испарат”.
1. Тој дошол до заклучок дека не му одговарате: Во нивната мала глава често прозборува едно немирно ѓаволче со големо его и го прашува: “Што ако запознаеш некоја друга, подобра?”, или “Зарем не мислиш дека има малку чудни веѓи?” Понекогаш момчињата можат да го стишат тоа злобно гласче, а понекогаш не можат, па доаѓаат до заклучок дека најдобро е да престанат да се обидуваат, и тоа до степен до кој дури и не чувствуваат потреба да кажат “Готово е.”
2. Запознал друга девојка: Можеби е брутално да ви го кажеме ова, но тоа едноставно се случува. Нема потреба да го земате тоа при срце. Тоа не значи дека таа е подобра од вас, туку дека е подобра од вас за него.
3. Сака да го задржи својот имиџ: “Фраерите” сакаат да ја задоволат околината. И не им е лесно да ги откријат своите чувства, ниту да ги искажат. Ако се одлучат да се повлечат од освојувачката акција, не сакаат да го уништат нивниот имиџ на добар дечко со тоа што на девојката ќе и кажат дека е крај. Претпочитаат да изчезнат без збор.
4. Сте го повредиле: Да, да, и тие се кревки суштества. Ако девојката направи или каже нешто што ќе ги повреди, претпочитаат да се повлечат, отколку да ги средат работите.
5. Несигурен е: Сите ние, сакале да признаеме или не, меѓусебно се оценуваме и мериме кој е подобар или полош. Ако дечкото заклучи дека сте повисока лига од него, многу е веројатно дека да исчезне, отколку да се чувствува несигурно со вас.Зошто барем не се јави и каже дека тоа е тоа, наместо да остави сè во воздух! Посакавме тоа повеќе да не се случува па затоа се обидовме да

Пронајдете не на следниве мрежи: