Дали знаете каков е вашиот сексуален стил?

Постојат специфични фактори кои зборуваат за квалитетот на вашиот интимен живот и врската. Тоа се фактори или стилови кои треба да ги реализирате за да имате задоволувачки сексуален живот. Вашиот сексуален стил се базира на емоционалната блискост, љубовта и еротиката.Постојат 4 главни стилови:
1. Комплементарен – за овие парови најдобар афродизијак е возбудувањето на партнерот. Секоја личност е одговорна за сопствената сексуална реакција, додека се соработува тимски.
Секој љубовник е слободен да иницира или да одбие секс. Способноста на овој пар да ја дели еротичноста и искуствата е она што им предизвикува задоволство.
Недостаток е што сексот може да стане рутина, затоа што партнерите се земаат здраво за готово. Овој е најчест стил.
2. Традиционален – овие парови се предвидливи и стабилни. Сакаат да одржуваат мирна врска, и се сконцентрирани на вредностите, прифаќањето и сигурноста.
Преферираат традиционален секс каде доминира мажот. Овој стил е успешен и кај партнери кои имаат јасно дефинирани улоги.
Со едноставни правила, расправиите се ретки. Покрај ова, може да се случи да патат од сексуална нееднаквост и недостиг на сексуална интимност.

3. Компатибилен – овие парови уживаат во споделување на искуствата и разговори за својата врска. Многу време поминуваат заедно разменувајќи емоции, а потребата од партнерот им е приоритет. Се чувствуваат прифатено и сакано без стравови.
Негативната страна е што често се оптеретуваат со тоа да не ја повредат другата страна. Било кои проблеми може да станат хронични.

4. Емоционален – во оваа врска преовладуваат силни емоции и драма. Љубовниците слободно ја делат својата страст. Овој стил е најеротичен од сите, а го обележувааат виталноста, авантуризмот, забава, возбуда и отвореност. Партнерите може да се расправаат што ја прави врската нестабилна.Постојат 4 главни стилови:
1. Комплементарен – за овие парови најдобар афродизијак е возбудувањето на партнерот. Секо

Пронајдете не на следниве мрежи: