Што треба да знаете за мажите и сексот?

Мажите наводно на секс помислуваат отприлика 19 пати на ден, со други зборови, мажите на секс помислуваат на секој час и половина.Врз 522 мажи без разлика на годините, брачниот статус, сексуалниот идентитет и потекло, списанието Esquire направило големо истражување тестирајќи ги за нивните најинтимни сексуални желби и навики, потоа за нивниот став за моногамијата и сексуалниот идентитет. Оженетите мажи се позадоволни од сексуалниот живот за разлика од самците66% од оженетите мажи во истражувањето откриле дека потполно се задоволни од својот сексуален живот, додека 47% од самците признаваат дека сексуалниот живот не им е задоволителен. Мажите имале помалку сексуални партнерки, отколку што се мислиНа прашањето колку имале до сега сексуални партнерки, 62% од мажите рекле дека во текот на животот имале десет или помалку различни сексуални партнерки. Но, 22% од тестираните се големи заводници и признале дeка имале преку 20 сексуални партнерки.Сексуалните желби на мажите се менуваат со годинитеМажите на 20 години се два пати повеќе фасцинирани од женските гради отколку оние на 40 години. Оралниот секс го сакаат 29% од мажите во средните години, а тоа го прават 18% од мажите во своите 20-ти години. 

Мажите најчесто сакаат орален сексСпоред резултатите на истражувањето, мажите, кога се работи за секс најмногу сакаат орален секс и сакаат што почесто да го практикуваат со својата партнерка. И на мажите им е потребен одмор по сексотИако многумина ќе се пофалат дека секогаш се подготвени за неколку рунди жешки игри, резултатите од истражувањето покажале дека и на мажите им е потребен одмор, па така 40% од тестираните мажи признале дека им е потребен еден час одмор. 
Мажите имаат секс многу поретко отколку што кажуваатИстражувањето покажало дека најголемиот број мажи имаат секс три пати во неделата или помалку. 32% од мажите откриле дека во сексот уживаат еднаш до три пати во неделата, додека 33% од мажите признаваат дека имаат секс помалку од еднаш неделно. Најголемиот број на мажи не се наклонети на секс со непознати девојкиИако понекогаш мажите и жените уживаат во страста со непознат партнер, сепак мажите во ова истражување откриле дека сепак почесто во секс уживаат со лица кои ги познаваат подолго време. Така, 27% од мажите рекле дека своите сексуални партнерки ги познавале барем неколку месеци, а 21% од мажите рекле дека партнерките ги познавале неколку години.Не изневеруваат сите мажиНајголемиот број на мажите признаваат дека својата партнерка не би ја изневериле ни на сон и дека силно веруваат во моногамна врска.Врз 522 мажи без разлика на годините, брачниот статус, сексуалниот идентитет и потекло, списанието Esquire направило големо истражување тести

Пронајдете не на следниве мрежи: