Го изневерувате ли вашиот партнер онлајн?

Допишувањето на интернет со други лица кон кои немате само пријателски чувства некои го сметаат само за забава, но многумина го сметаат и за изневерување.Доколку сте во врска во која полека ви досадува партнерот или при секој проблем наместо да го решавате, подобро ви е да се повлечете и да седнете пред компјутерот, тогаш треба да размислите дали е сето толку наивно.
Со оглед на тоа што комуникацијата на интернет, особено Фејзбук е толку поедноставена и раширена, границите може да ги одредите само според она што го чувствувате или правите.
Според овие 6 знаци може да утврдите дали го изневерувате партнерот:
1. Со оваа личност ги споделувате работите кои не би ги споделиле со партнерот, како стравови, соништа и цели во животот.

2. Кога ќе ви се случи нешто возбудливо, тоа е првата личност на која сакате да и се јавите. Потојано наоѓате мали причини за да ја контактирате.
3. Се средувате специјално за таа личност, дури и ако сакате само да објавите или испратите нова фотографија.

4. Зборувате за партнерот, но само негативно и кога ќе ве изнервира.
5. Станувате емотивно зависни од заедничката комуникација, па се чувствувате одлично кога ви пишува, а луто и бесно кога нема ништо да ви пише.
6. По будењето наутро прво проверувате на мобилниот дали личноста има нешто објавено или пишано кај вас.
 Доколку сте во врска во која полека ви досадува партнерот или при секој проблем наместо да го решавате, подобро ви е да се повлечете и да седнете п

Пронајдете не на следниве мрежи: