Неколку факти за неверството на мажите!

Експертите за љубовните врски ширум светот постојано посочуваат на причините и последиците за неверството, а во продолжение прочитајте дел од оние за мажите кои изневеруваат:● Повеќето мажи се уште ја сакаат жената која ја изневеруваат!Можеби е тешко да се поверува, но повеќето мажи се уште не престанале да ја сакаат жената која ја изневеруваат, туку само престанале да бидат задоволни од моменталната состојба на врската. Тоа почнува да се случува кога парот малку ќе се опушти, а врската почнува да страда поради недостатокот на романтика.● Поголемиот дел од мажите изневеруваат со жена која веќе ја познаваат!Мажите кои изневеруваат ретко одат во клубовите и пронаоѓаат непозната жена со која започнуваат афера! Најчесто станува збор за жени кои веќе ги познаваат. Тоа може да биде стара пријателка или жена која работи во кафе барот каде што тој најчесто пие кафе, но најголемиот процент од неверствата сепак се случуваат со колешка од работа. Дури 60% од мажите признаваат дека ја изневериле својата партнерка со жена со која работеле. ● Мажите изневеруваат за да го спасат бракот!Звучи смешно, но има смисла. Мажите ги сакаат своите жени, но доколку нешто им недостасува во врската, ретко кој од нив знае како тоа да го реши на нормален начин. Наместо да бараат решение со сопствената жена, мажите едноставно ги пополнуваат недостатоците со некоја друга.

● Се мразат себе си по неверството!Мажите кои изневеруваат најчесто не се нечувствителни луѓе без морал, а откако и биле неверни на жената која ја сакаат, тие чувствуваат огромна вина. Фактот дека ја предале другата своја половина лесно ќе ги “јаде однатре”, а некои од нив дури се чувствуваат и дека го нагрдиле машкиот род.● Повеќе секс за сите!Кога мажот започнува да ја изневерува својата жена, кај него се буди сексуалниот нагон, па не е чудно што тој ќе практикува и многу повеќе секс и со сопствената жена. Без оглед на тоа колку сексот со некоја друга жена му се допаѓа, неговата партнерка сепак е онаа со која тој се чувствува најпријатно во креветот. 
● Жените најчесто знаат кога мажите ги изневеруваат!Повеќето жени многу добро знаат кога нешто не е во ред, но малкумина се оние кои се осудуваат тоа и да го признаат. Доколку веднаш побараат објаснување, откако ќе сфатат дека мажот ги изневерува, тоа премногу би ги повредило, па со одложување на неизбежното ја намалуваат болката која ќе ја чувствуваат кога се ќе излезе на виделина. ● Неверството некогаш може да го подобри бракот!Неверството не секогаш значи крај на бракот. Многу мажи, откако ќе бидат разоткриени од страна на жените, сфаќаат дека не сакаат да ја изгубат својата партнерка и дека неверството всушност било само издувен вентил. Откако ќе ја споредат својата партнерка со жената со која што ја изневерувале, им станува јасно дека нивниот прв избор е оној вистинскиот. Секако, на жените им останува одлуката дали ќе останат со својот партнер!● Повеќето мажи се уште ја сакаат жената која ја изневеруваат!Можеби е тешко да се поверува, но повеќето мажи се уште

Пронајдете не на следниве мрежи: