Какво значење има вашиот еротски сон?

Го имате најврелиот секс досега, кога наеднаш се будите и сфаќате дека тоа не е вашиот партнер. Но, не грижете се, таквите работи се сосема нормални.Секс со партнеротСексот со партнерот во соништата, обично е силен индикатор на тоа дека вашата врска е исклучително силна, а може да значи и дека станувате свесни за некои позитивни особини на вашиот партнер. На пример, ако вашиот партнер во соништата во текот на односот е многу доминантен, многу е веројатно дека во реалноста, вас ве привлекува тоа што тој има самодоверба и донесува добри одлуки.Ова можете да го свртите во ваша корист – во текот на предиграта, откријте му ги на партнерот најжешките детали од вашиот сон за вашиот однос да стане уште поеротичен, особено ако сте се срамеле да му кажете што ви се допаѓа и што би сакале да испробате.Но, во сонот може да се одразат и проблеми во врската, кои може да се психолошки, но и од физичка природа. Ако ситуацијата во сонот само што почнала да се „загрева“, а вие веднаш се будите, можно е во неговата близина да се воздржувате од изразување на вашите мисли, чувства или реакции.Секс со поранешно момчеВеројатно сте помислиле дека малку „игра“ си поранешниот ви укажува на тоа дека тој ви недостасува или дека би сакале вашиот партнер да биде како него, но тоа не е правило. Голема е веројатноста дека вашето поранешно момче ги поседува квалитетите кои вие би сакале да ги имате. На пример, ако сонувате за врели секси доживувања на аеродром (кој асоцира на старт, полетување на авионот), можно е да ви се допаѓа тоа што поранешното момче е од акција и склон кон брза реализација на своите планови.Сепак, без оглед на значењето на сонот, фактот што сонувате за поранешното момче, говори за тоа дека сте се потсетиле на некои од неговите сексуални вештини.

Секс со пријателкаАко сте хетеросексуални, ова никако не значи дека треба да почнете да ја преиспитувате својата сексуалност. Односот со друга жена значи дека сте ја прифатиле својата женственост или се преиспитувате себе си и вашето однесување. На пример, ако сте шефица во компанија, сексот со личност од истиот пол би можело да значи дека е потребно да се опуштите и да покажете повеќе сочувство за луѓето со кои работите.Една од можните интерпретации е и дека ви е потребно емотивно да се поврзете со својот партнер. Најдобро би било да му предложите на партнерот да се прилагоди кон вас и да успорите заедно, уживајќи во секој момент. Не заборавајте на контактот со очи, бидејќи на тој начин чувството на блискост е уште поголемо.
Секс со позната личностПовршно гледано, можно е едноставно таа одредена личност физички да ве привлекува и да се прашувате како би бил сексот со неа. Но, почесто тоа укажува на желбата за добивање внимание, без разлика дали е во прашање вашето друштво или вашиот партнер.Секс со партнеротСексот со партнерот во соништата, обично е силен индикатор на тоа дека вашата врска е исклучите

Пронајдете не на следниве мрежи: