Совети од постарите за долг и успешен брак

Во добро и зло, во богатство и сиромаштија. Така барем одат заклетвите во текот на склопувањето на бракот, меѓутоа за истиот да биде успешен, потребен е голем труд.1. Почнете го денот со ситниците кои ве прават среќни
„Кога наутро ќе се разбудите, помислете што најмногу би ја изненадило вашата сакана личност и направете ја таа ситница. Дури и 5 минути е доволно.” – Антоан, 81 година.
2. Тоа што сте блиску не значи дека сте поврзани
„Понекогаш морате да се потрудите околу врската, дури и ако ви изгледа тешко. Морате да се потрудите да сфатите што мисли другиот и да ги делите вашите мисли.” – Рубен, 72 години.
3. Не грижете се за брчките
„Кога навистина сакате некого, не забележувате како старее. Затоа и не треба да се вознемирувате околу ситниците, како на пример брчките. ” – Алфредо, 77 години.
4. Пронајдете го вашиот „лет 17”
„Ова можеби ви звучи чудно, но станува збор за кавгите. Кога ќе се скарате 16 пати, 17тиот едноставно нема да дозволите. Премолчете и ќе видите дека тоа одлично делува.” – Ралф, 70 години.
5. Негувајте го пријателството
„Тоа е нешто што ќе ви остане после долго време и секој пар првенствено мора да има добро пријателство, бидејќи без тоа врската нема да опстане.” – Лидија, 73 години.

6. Опкружете се со среќни парови
„Едноставно е: среќни луѓе, среќен живот. Доколку некој цело време ви зборува за тоа колку е лош бракот и вие истото ќе го мислите за својот.” – Џереми, 80 години.
7. Повторувајте ги нивните прашања
„Ова правете за да бидете сигурни дека најдобро сте разбрале што ви зборува саканата личност. Па така ќе ги избегнете кавгите заради „расипан телефон”. – Лусија, 75 години.
8. Поделете ги обврските според силата
„Не е важно кој бил на ред за миење на валканите садови, ако вам ви е полесно, тогаш фатете се за работа. Така ќе се создаде пријатна атмосфера, па следен пат вашата сакана личност ќе ги измие дури и кога не и е редот.” – Дикси, 84 години.

9. Правете паузи
„Ако забележите дека претерувате во кавгата, тогаш направете пауза. Подобро е да ја изладите малку главата, отколку да кажете нешто што не мислите. ” – Чен, 75 години.
10. Секогаш има место за учење
„Немојте да го затворате умот пред новите работи. Бракот е процес кој трае и со самото тоа е подложен на промени.” – Саманта, 80 години. 1. Почнете го денот со ситниците кои ве прават среќни
„Кога наутро ќе се разбудите, помислете што најмн

Пронајдете не на следниве мрежи: