Знаци кои ви покажуваат дека е време да ја прекинете вашата врска

Квалитетната врска нè исполнува со среќа, задоволство и уживање. Но, кога напнатоста измеѓу партнерите можете да ја „исечете со нож“, време е добро да размислите во каква врска се наоѓате. Овие пет знаци ви кажуваат дека сте во лоша врска и дека е време за раскинување.1. Се расправате за сèКавгите во врската можат да бидат безопасни и конструктивни. Но, ако речиси секој ваш разговор завршува со препирки кои прераснуваат во вистински лути кавги, тоа може да значи дека вашата врска повеќе не е она што била. Предизвикувањето расправии е знак на нетрпеливост која секојдневно станува посилна.2. Го избегнувате заедничкото времеСмислата на заљубеноста е дека не можете да се заситите од партнерот. Ако преферирате времето да го поминувате во канцеларија, со колегите и пријателите и се` подоцна се враќате дома и ги прескокнувате договорените состаноци, време е да размислите кои ви се приоритетите.Иако е добро партнерите да имаат и приватен живот надвор од врската, кога тој ќе стане приватен тоа може да биде знак дека вие и вашиот партнер сте се заситиле еден од друг.

3. Сè ви пречи кај партнеротСите ние имаме мали „бубачки“ и навики кои нè прават различни. Но, кога навиките на партнерот кои претходно ви биле симпатчни сега почнуваат да ве нервираат, време е да ја побарате причината за тоа. Ваквото однесување е прв показател за оддалечување од партнерот.Ако ситуацијата стане неподнослива, крајно време е за сериозен разговор со партнерот, или во најлош случај, прекин на врската.
4. Наоѓате изговори за сексСексот е најблискиот и најинтимен момент измеѓу партнерите. На почетокот од секоја врска, страста е на највисоко ниво и нормално е таа со тек на време да спласне.Но, ако сексот со партнерот ви стане обврска или мака, добро преиспитајте ги вашите чувства. Недостатокот на интимност води до сериозни проблеми во врската, па дури и до раскинување.
 
5. Не гледате заедничка иднинаЗа врската да опстане, вашиот живот и животот на партнерот треба да се тесно поврзани. Планирањето на иднината е еден од најважните чекори и затоа овој дел не би требало да го игнорирате.Ако, кога размислувате за иднината за 10 или 20 години, во неа не го гледате вашиот партнер, тоа може да биде знак дека тој никако не се вклопува во вашите планови што може да открие многу за вашите чувства кон него.1. Се расправате за сèКавгите во врската можат да бидат безопасни и конструктивни. Но, ако речиси секој ваш раз

Пронајдете не на следниве мрежи: