Причини кои предизвикуваат сувост на вагината?

Овој женски проблем е многу почест отколку што мислите, но добрата вест е дека може да се реши.Ако ве интересира зошто патите од претерана сувост на вагината, прегледајте ги овие 5 причини:
1. На вашето тело му е потребно подолга предигра
Типичните жешки сцени обично почнуваат после едноминутна предигра, што е далеку од реалноста. Повеќето жени имаат потреба од малку подолго загревање, па затоа подобро е тоа да го разјасните во старт, отколку да имате „сув секс“.
2. Под стрес сте
Стресот негативно влијае на целиот организам, а често се одразува и на интимните делови. дури и ако директно не го убива вашето либидо, анксиозноста и притисокот се тесно поврзани со сувоста на вагината.

3. Земате лекови против настинка
Лековите против настинка или алергии ја сушат слузокожата во носот, но и вагиналниот секрет. Ова не е правило, но се случува кај многу жени. Влажноста ќе се врати само ако престанете со земање на лековите.

4. Пиете пилули за контрацепција
Помалку познат несакан ефект на овие пилули е токму сувоста на вагината. Затоа размислете за друг начин на заштита или задолжително користете лубриканти.
5. Неодамна сте се породиле
Породувањето и доењето предизвикуваат бројни хормонски промени, вклучувајќи го и пониското ниво на естроген, хормонот задолжен за одржување на вагиналната влажност. Неколку месеци по породување или откако ќе престанете со доењето, влажноста на интимната зона ќе се нормализира.Ако ве интересира зошто патите од претерана сувост на вагината, прегледајте ги овие 5 причини:
1. На вашето тело му е потребно подолга пред

Пронајдете не на следниве мрежи: