Мажи, бидете џентлмени и освојте ја!

Вистински џентлмен е многу тешко да се сретне. Во свет во кој многу основни вредности се изгубени и заборавени тоа и не треба да нè чуди. Изневерувања, врски за една вечер и многу други непромислени работи се причината поради која сѐ поретко се чувствуваме слободни да бидеме тие што сме, па секогаш сме подготвени на најлошото. Поголемиот дел од мажите веќе не се ни обидуваат, а жените не ни очекуваат. Но понекогаш, иако ретко, налетуваме на маж кој се води според старите добри норми на џентлменско однесување и тогаш сфаќаме дека сепак има надеж.Бакнување во челоИако интерпретиран како братско-пријателски знак, доколку станува збор за долга врска, сепак е премногу мил гест поради кој жената се чувствува обожавана и неверојатно сигурно покрај својот маж.
Отворање на вратата од автомобилотЕден од најџентлменските гестови кој неспорно освојува многу поени кај женскиот пол. На девојката ѝ покажува дека машкото се грижи, а таа ќе го цени многу повеќе од претходно. Па нели е како сцена од некој од нејзините омилени љубовни филмови?
Гледање филм со саканатаМажите ги мразат холивудските љубовни филмови. Сите им се исти и сите вклучуваат многу плачење кое тие не можат никако да го разберат. Па ако тој сепак одвојува два часа од своето време за да гледа филм кој сигурно не му се допаѓа, екстра поените кај девојката му се и те како заслужени.
Подарување цвеќеНеверојатно романтичен и убав гест на кој секоја девојка паѓа, колку и да кажува дека таа не е од тој тип на женски. Букет од нејзините омилени цвеќиња и едно кратко Те сакам или Мислам на тебе никогаш нема да изневери, особено ако е тотално „рандом“ и неочекувано.
Помош при облекување на палтотоСтар, добар и класичен џентлменски потег кој секој пат освојува. Дали станува збор за придржување на нејзиното палто за да ѝ биде полесно да го облече или понудување на неговото за да не ѝ биде нејзе ладно, ова се гестови кои се секогаш добредојдени.Бакнување во челоИако интерпретиран како братско-пријателски знак, доколку станува збор за долга врска, сепак е премногу мил

Пронајдете не на следниве мрежи: