Загриженоста за еврозоната ги притисна европските берзи

Европските берзански индекси во петокот осетно се намалија, бидејќи во пред план повторно се најде загриженоста на инвеститорите во врска со кипарската економија и должничката криза во еврозоната.

Лондонски FTSE  намален е за 0,35 отсто на 6.393 поени, франкфуртски DAX беше во минус од 1,35 отсто на 7.765 поени, додека париски CAC падна  за 1,08 отсто и  изнесуваше 3.734 поени. Во фокусот на инвеститорите денеска беше состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Даблин, каде меѓу точките на дневниот ред се најде и кипарската криза. Загриженоста во врска со развојот на ситуација на Кипар не стивнува, иако во последните денови беше потисната во втор план.Кипар и ЕУ постигнаа начелен договор за моделите за прибавување на 13 милијарди евра, колку што изнесува придонесот на Никозија, иако станува збор за двапати поголема бројка од првобитната поради економската рецесија.Одредени официјални претставници на еврозоната рекоа дека Кипар не побарал дополнителни итни заеми, но многу веројатно ќе побара предвремено повлекување на средства од европските структурни фондови.Многумина инвеститори сепак сметаат дека Кипар со тек на време ќе побара дополнителна помош.„Неретко во такви случаи почетните бројки не се секогаш конечни“, вели челникот на компанијата HED Capital, Ричард Едвардс.Во изминатите години поддршка на европските берзи пружија инјекциите за ликвидност на Европската централна банка. Но, кризата на Кипар потсети колку се уште може да се одолговлечи должничката криза во еврозоната.Лошите кредити во Словенија сугерираат дека таа би можела да биде наредната држава која ќе биде принудена да бара помош. Претседателот на еврогрупата Јерон Дејселблум изјави дека словенија не беше на дневниот ред на денешниот состанок.Меѓу најголемите губитници атмосфера на зајакната неизвесност во врска со економијата на еврозоната се издвои европскиот банкарски сектор, со пад на индексот на акции за 1,8 отсто.Од загуби не беше поштеден ниту осигурителниот сектор со просечен пад на акциите за 0,8 отсто. Ги предводеше швајцарскиот реосигурител Swiss Re со пад на акцијата за 6,6 отсто.
Европските берзански индекси во петокот осетно се намалија, бидејќи во пред план повторно се н

Пронајдете не на следниве мрежи: