Тврдат дека се среќни, иако седум години НЕМАЛЕ СЕКС

Кога Клара првпат го запознала својот сопруг, имале прекрасен сексуален живот. Сега ситуацијата е поинаква, тие не воделе љубов со години, но никогаш не биле посреќни во бракот. „Забавно е кога ќе се потсетам на старите денови кога Џон се уште ми беше момче. Тогаш сексот ни беше многу важен. Тешко е да се замисли дека тоа сме сеуште ние.
 Кога прв пат се запознавме на работа, физичката привлечност беше моментална. Секогаш се шегував дека веднаш ја приметив неговата надареност во фармерките, уште пред да го видам неговото лице. Првите десет години, нашиот сексуален живот беше активен и полн со авантури.
Осумнаесет години откако го запознав Џон, мило ми е што можам да кажам дека нашиот брак сеуште е цврст и среќен. Секако, имаше препреки на патот, но останавме пар исполнет со посветеност и љубов.
 Уште од почетокот на 2008 година немавме секс. Делиме ист кревет секоја вечер. Се уште се бакнуваме и мазиме, ја воздигнуваме психичката привлечност, но повеќе од седум години немаме секс.
Што не е во ред? Како да се носам со ситуацијата дека имам 53 години и дека сексот е веќе позади мене? Зарем сопругот не ме посакува повеќе физички?

Вистината е дека не можам да бидам посреќна. Тоа важи и за Џон. Не се чувствувам отфрлена поради моето либидо. Сексот не е начин на кој ние покажуваме, ниту пак нешто што повеќе би не поврзал, а тоа е сосема во ред бидејќи чуствата се обострани. Би се грижела за својот брак доколку престанеме да се мазиме и сакаме на друг начин, но секогаш ќе бидеме отворени еден спрема друг.
 Сексуалната желба исчезна кога влегов во менопауза. Се чуствував неудобно и непосакувано. Му кажав на Џон како се чувствував и ме свати. Тој беше премногу окупиран со работата, така да мислам дека сексот беше последното нешто на што би размислувал.
 Мислев дека желбата за сексот ќе се врати, но не. Кога го прашав Џон што ако не се врати, тој ми одговори дека тоа не би требало да е причина за грижа бидејќи сме во педесетите години од животот, сеуште сме здрави и се сакаме, и не гледа никаква корист од инсистирање за секс.
 Неговиот одговор беше логичен и подржувачки. Нашиот брак може да биде во невоља ако некој од нас посака секоја ноќ да има див секс. Благодарна сум на тоа што преминавме во другата фаза.
 
Сигурна сум во бракот со мојот сопруг. Многу сме среќни што можеме лесно и отворено да зборуваме на секоја тема и да ги делиме нашите интереси.
Порано водевме љубов. Денес повеќе сакаме да ги облечеме чевлите и да отидеме на прошетка или некаде на ручек, на пат за Париз или Будимпешта.
 Двајцата сакаме да готвиме, да се возиме со нашата стара кола и сакаме кога го поминуваме времето со нашиот 17 годишен син, кој следната година ќе оди на колеџ. Сонуваме за купување на земјиште во Франција.
Имаме планови и соништа, не ни треба сексот за тоа да го дополни. Нам ни треба блискоста и да го делиме креветот, да се мазиме на креветот навечер и да шетаме фатени за раце.
 Знам дека луѓето ќе го осудуваат патот кои ние го одбравме. Многумина мислат дека нешто тргнало наопаку, дека нешто ни недостига во бракот без секс, дека постои нешто неприродно во нашиот целибат! Но тоа сме ние, една душа, две тела во среќен брак без секс!“ – раскажува Клара.„Забавно е кога ќе се потсетам на старите денови кога Џон се уште ми беше момче. Тогаш сексот ни беше многу важен. Тешко е да се замисли дека

Пронајдете не на следниве мрежи: