5 видови на заљубени парови кои нè иритираат на Фејсбук!

Точно е дека луѓето сакаат да се пофалат дека се среќно заљубени, затоа Фејсбук има и таква опција, ама дали сакаме секојдневно да читаме изјавување љубов, или пак уште полошо, јавни љубовни расправии?
Тешко е од заљубените да се очекува да бидат разумни, бидејќи љубовта е состојба во која правиме работи за коишто по некое време можно е и да се срамиме. Сепак, социјалните мрежи не се платформа која служи за цел свет да дознава и да го замарате за тоа колку сте среќно заљубени или дека на саканата личност и го пишувате она за коешто немате храброст да и го кажете во живо.Еве пет вида на парови кои ни одат на живци на Фејсбук:
1. Мноооогу заљубени
– Не може да помине ниту еден ден без да си остават бакнежи, срциња, прегратки или изјава на љубов на профилите. Пред сите коишто им се пријатели. Сфаќаме, мноооогу сте заљубени, мноогу се сакате, но дали знаете дека тоа е подобро да го практикувате односно да го изјавувате во живо или во приватни пораки?
2. Врзани како папочна врвца
– Секогаш се заедно. На сите фотографии, на сите настани се пријавуваат заедно, а кога случајно не се заедно бидејќи мора да одат на факултет или работа, мора да ги гледаме нивните статуси во кои тие ги одбројуваат часовите до нивната следна средба.
3. Куќен пар
– Тоа што не излегуваат и што најмногу сакаат да останат дома, да готват заедно или да гледаат филмови е нивна работа, но почнуваат да одат на живци бидејќи секојдневно објавуваат колку добро се забавуваат со својата сакана дома, и тоа како не им е поtребно да излегуваат надвор.
4. Оние кои се расправаат
– Постојат парови кои иритираат повеќе и од оние кои константно јавно си изразуваат љубов, а тие се оние коишто ги користат социјалните мрежи за да го провоцираат својот партнер или пак да му го “кажат“ она што не можат во живо.
5. Оние кои си споделуваат интимни работи
– Оние кои имаат потреба да споделуваат “преинтимни“ детали, “селфи фотографии“ од тоа како лежат во кревет или било какви слики и статуси кои алудираат на нивниот сексуален живот, ги замолуваме уште еднаш да размислат за тоа. Едноставно, не треба сите да знаат!Еве пет вида на парови кои ни одат на живци на Фејсбук:
1. Мноооогу заљубени
– Не може да помине ниту еден ден без

Пронајдете не на следниве мрежи: