Топ 3 причини поради кои морате да го напуштите веднаш вашиот партнер

Дали некогаш сте си го поставиле прашањето дали е време да ја прекинете таа врска или не? Дали сте се запрашале кој е вистинскиот одговор на тоа прашање, и дали подоцна ќе зажалите за одлуката? Ако одлучите да ја прекинете врската во време кога вашиот партнер го обвинувате за вашата несреќа, голема е веројатноста дека во идната врска ќе понесете голема тежина која ќе ви прави проблеми. Сепак, пред да се одлучите да ставите крај на некоја врска треба внимателно да размислите, но постојат одредени знаци поради кои без размислување морате веднаш да ја прекинете врската.
Злоставување
Ако сте во врска која е физички насилна, морате веднаш да ја прекинете! Дури и кога вашиот партнер ќе прифати да побара медицинска помош, морате да се оддалечите доколку тој воопшто не се промени. Тоа за вас можеби ќе биде тешка, но и повеќе од исправана одлука. Имајте на ум дека доколку партнерот почне физички да ви се заканува, нема што повеќе да барате во врска со таква личност. Заканите имаат потенцијал да станат како физички така и емотивно навредливи. Вербалното злоставување може да ја турне вашата самодоверба и да остави трајни и штетни последици на вас. Неопходно е да ја прифатите таквата ситуација, и тоа дека вие немате никаква вина за тоа однесување. ВИЕ не сте причината за таквото негово однесување.

 

Пореметување на личноста
Ако вашиот партнер има пореметување на личноста, а не бара лекарска помош, време е да ја прекинете врската веднаш. Голем е бројот на луѓе кои не се запознаени со тоа што значи пореметување на личноста, и како да го препознаат истото. Луѓето со пореметување на личноста, се класифицираат како луѓе кои се многу склони кон кавги. Таквите личности имаат тенденција во еден момент да ве идеализираат, а веднаш потоа да ве критикуваат, да ве срамат во јавност, да ве искористуваат, да ве лажат или пак да имаат големи побарувања од вас. Вистина е дека ова пореметување може да се излечи, со многу труд од личноста да се промени, но сето тоа може да биде прилично деструктивно за вас, да бидете во постојано исчекување личноста да се поправи, за врската да успее. ВИЕ навистина не заслужувате да чекате и да гледате како некој ја црпи целата среќа од вас, и како некој дестимулативно делува на вас и предизвикува емоционално уништување.
Зависност
Ако вашиот партнер е алкохоличар, има зависност од дрога, зависност од секс, или пак било каква друга зависност која може да делува деструктивно како на него, така и на вас, треба веднаш да прекинете со врската, посебно ако вашиот партнер нема желба да оди на лекување. Доколку, тој се одлучи да оди на лекување нема да биде во можност да посвети, доволно внимание, како на вас, така и на вашата врска. Вие не сте себични доколку решите да ја прекинете оваа врска, дури можете и да му помогнете со тоа, тој ќе има доволно слободно време да посвети на лекувањето.Ако одлучите да ја прекинете врската во време кога вашиот партнер го обвинувате за вашата несреќа, голема е веројатноста дека во идната врска ќе по

Пронајдете не на следниве мрежи: