4 причини зашто вашата жена е постојано нервозна

Многу мажи ќе кажат: Мојата жена е постојано нервозна. И не знам поради што!Не станува збор за ПМС (предменструален синдром), каде најчесто се препишуваат тие заслуги за лошото расположение на жените. Но тој предменструален сидром е само привремен.
Тогаш во што е проблемот?
 1. На жените се гледа поинаку.
 Ако имате дете и неговата мајка е на пат или пак едноставно сте земале ден каде комплетно ќе водите грижа за вашите потомци, може да биде ,,слатко” ако го однесете своето дете во школо или во парк со трагови боја на неговото лице. ,,О, тато, поминавте квалитетно време со дететo”, е еден од ставовите кои сигурно нема да се изостави. Но ако такво дете во парк или школо го донесе мајката, луѓето ќе се запрашаат: Дали е она алкохоличарка или…? Со таков ,,терет” на грбот, на жените не им е лесно како на мажите.
И сосема е во ред да имате став: Не ме засега што другите мислат за мене! Се додека не станете родители. Тогаш ситуацијата се менува и не е повеќе сеедно што некој ќе мисли за вас додека вие одгледувате мало дете. И тоа носи со себе голема доза на стрес и обврска покрај останатите работни обврски кои ги има секоја запослена жена.

 
 2. Жените се по интуитивни од мажите
 Иако мажите се тие кои не поднесуваат доцнење, овде станува збор за нешто друго. Ако сте тип кој нема премногу да се возбдува околу тоа дали ќе идете кај своите родители на ручек 10 или 15 минути покасно, жената ќе биде под стрес спремајќи се за излегување бидејќи знае ако закасните, свекрвата ќе ја обвинува неа, а не својот син. И знаете што, женската интуиција покажува дека најчесто е во право, па така често поради тоа се и нервозни.
3. На жената и треба повеќе сон од мажот
 Жените се оние кои често стануваат навечер кога детето плаче, покасно одат на спиење додека ги исполнуваат сите родителски и куќни обврски, стануваат порано за наутро да биде се спремно на време. Недостатокот на сон и сите обврски кои ги имаат по цел ден доведуваат до најчестата ситуација – нервоза кај жената. Но признајте, кој би им замерил? 
4. Жената сака да се слушне и нејзиниот глас
Жените имаат поинаков карактер од мажите и важно им е да наидат на разбирање со она што имаат да го кажат и покажат. Жените се осетливи, емотивни и ако нема разбирање во она што го кажуваат лесно доаѓаат до стресна ситуација. Немојте да го банализирате она што жената го говори,бидејќи ако за вас тоа претставува нешто што сметате дека не е потребно да придавате значење, имајте на ум дека другата страна тоа може да го доживее сосема поинаку.Не станува збор за ПМС (предменструален синдром), каде најчесто се препишуваат тие заслуги за лошото расположение на жените. Но тој предменструален

Пронајдете не на следниве мрежи: