Многу жени за време на сексот не можат да доживеат оргазам. Најчесто мажите во вакви ситуации се откажуваат но дали ваквиот начин на пристап кон вашата партнерка е правилен? Секако дека не. Еве што треба да направите доколку вашата сакана тешко достигнува оргазам.
Разговарајте што таа сака
Жената мора детално и јасно да каже што ѝ одговара во сексот за да може партнерот така и да се однесува. Ако тоа не го направи, може да настане голем проблем бидејќи мажот ќе се труди на погрешен начин и ќе притиска сосем погрешни копчиња. Доколку жената може да доживее оргазам кога е сама, тогаш може и кога е со маж. Кога мажот ќе забележи дека таа не реагира на неговото стимулирање, мора да ја запраша дали тоа што го прави, го прави како што треба и дали ѝ годи тоа што тој го прави. Мажот кој тоа не го прашува, уште самиот почеток ги затвора сите можности за нејзин оргазам. Тој мора да се потруди да преку комуникација да влезе во нејзината душа и на вистински начин да ги освои нејзините ерогени зони.
Подолга предигра
Со предиграта треба да започнете страствено, така што вашата партнерка да се топи уште од самиот почеток. Јазикот може да осигура оргазам кај неопуштени и ладни жени. Посебно ако ѝ пружите долг орален секс. Да бидеме јасни, половина час орален секс е премногу за жената, но само неколку минути се премалку. Токму тука многу мажи прават грешки, бидејќи прерано престануваат.
Целиот трик е да бидете истрајни во тоа што го правите. Дозволете ѝ да ужива, да се опушти.
Иако мажот веднаш може да постигне оргазам, тој може да го задржи и да направи мала пауза или да искомбинира пенетрација со јазик или прсти.
Кога мажот ќе почувствува дека е пред оргазам, најдобро е да застане, малку да почека и потоа да продолжи. Ако и така не може да се воздржи, тогаш нека продолжи со јазикот и прстите, а потоа пак со пенисот. Женскиот оргазам зависи и од мажот, па затоа како партнер не треба да брзате и мора да бидете истрајни бидејќи трудот на крајот ќе ви се исплати.Секако дека не. Еве што треба да направите доколку вашата сакана тешко достигнува оргазам.
Разговарајте што таа сака