ТАА НЕ САКА ДА ИМА СЕКС СО СВОЈОТ МАЖ: Прашала сексолог за совет, еве го одговорот!

Луѓето бараат различни совети од сексолозите, но искрената исповед на оваа жена можеби и вам може да ви биде драгоцена.Кога треба да одберете личност со која ќе остварите сериозна врска или брак, сите ве предупредуваат за тоа дека треба да бидете претпазливи и да не се впуштате со цело срце или полови органи, туку исклучиво со главата, додека љубовта, блискоста и привлечноста ќе дојдат со времето.
Меѓутоа, што ако љубовта постои, ако нема ни трошка сексуална хемија? Ова се запраша една жена која ѝ испрати писмо на познатиот сексолог Трејси Кокс.

„Кога почнав да живеам со него веќе длабоко влегов во четириесетите години од животот. Многу ми се допадна како личност, прекрасен човек е и факт е дека имаме многу заеднички интереси. Но, никогаш не ми беше сексуално привлечен. Осум години подоцна, јас се уште не сакам да спијам со него. Тој е збунет и вознемирен, а јас не знам кој е лекот за една ваква ситуација. Ве молам помогнете ми“, напиша таа.
А еве што и одговори докторката Кокс:

 

„Луѓето се сближуваат од најразлични можни причини, а самата сексуална привлечност не мора да биде неопходен фактор за тоа. Дури врските базирани исклучиво на страст, почнуваат да пукаат  веднаш штом пламенот на еротичност почнува да се гаси, додека оние кои се базирани на пријателство и компатигилност можат да го протераат секое невреме.
Дали сте сигурни дека вашиот партнер не може да направи ама баш ништо што би можело да ги разбуди вашите сетила? Доколку имате трошка надеж дека тоа е возможно, и тоа како ќе вреди заедно да посетите брачен или сексуален терапевт Понекогаш тоа „парче кое недостасува“ може само да се крие во недостатокот на фантазија и волја нешто да се промени.
Но, ако проблемот навистина е во недостаток на привлечност, а не во тоа што тој го прави во кревет, тогаш дошло време за сериозен разговор. Вие двајца повеќе не можете да продолжите така.
Тој вас ве сака и посакува. Но вашето постојано одбивање го збунува и повредува. Тој е се помалку среќен, има се помалку и помалку самодоверба, а тоа се фактори кои само уште повеќе ќе ве одбиваат.
Сепак вие сте таа која на својот грб го носи сиот товар. Товар на неискажаната вистина.
Морате да му објасните на вашиот човек дека не чувствувате никаква желба, но дека тоа не е негова вина. Кажете му искрено што се цените кај него, колку ви е мил, прекрасен и фантастичен како личност, но дека не сте сигурни дека некогаш меѓу вас може да се развие еротски однос.
Кога еднаш конечно ќе го отворите прозорецот на искрената комуникација, можеби ќе ве изненадат некои нови идеи кои од сето тоа можат да се родат. Многу средовечни парови имаат впечаток дека сексот повеќе не им е потребен. Но, помеѓу двајца луѓе кои многу се сакаат и имаат отворен и искрен однос, неретко можат да се случат чуда“, оптимистична е докторката Кокс. Кога треба да одберете личност со која ќе остварите сериозна врска или брак, сите ве предупредуваат за тоа дека треба да бидете претпазливи и да не

Пронајдете не на следниве мрежи: