Лоши навики кои слободните треба да ги избегнуваат

Додека некои  водат социјален осамен живот кој нема врска со самотијата, други не само што  се слободни туку  се и сами и водат вистински осамен живот.Постојат лоши навики кои би требало да ги избегнувате. На овие работи луѓето лесно се навикнуваат, бидејќи понекогаш не се свесни дека ги прават додека не застанат и не рамислат за нив. Овие навики можат да ве доведат до депресија и осаменост. Но исто така ќе ве спречат во тоа да запознаете некого.
Вашиот љубовен живот не оди како што сте замислувале, но тоа не значи дека треба да ги запуштите  сите подрачја од вашиот живот. Доколку сте слободни имате повеќе време да работите на себе и на својата кариера. Не смеете да допуштите  да ви пропаѓаат другите подрачја  во животот поради  тоа што не ви оди во љубовта.
Најлесен начин да не бидете повеќе сингл е да се дружите и да запознавате нови луѓе.
Доколку постојано се дружите со пријателката која исто така е слободна и се жалите една на друга, тогаш сте западнале во дупка  од која тешко ќе најдете излез. Негативното размислување и разговор само ве обесхрабрува уште повеќе.
Нема ништо лошо во тоа да се дружите со среќен пар, понекогаш може и да ве мотивира да почнете да излегувате. Но доколку сте постојано со ист пар тоа може да биде препрека да го остварите  својот задоволувачки љубовен живот.
Мислите дека нема повеќе добри мажи. А многу е лесно да се уверите во тоа доколку сте имале неколку негативни искуства.
Можеби не е најдобра опција да бидете сами, но доколку сте зафатени, се занивате со работи кои ги сакате  и се дружите со луѓето кои ги сакате, тогаш статусот на слободна личност нема никаква врска со осаменоста.
Гледањето во минатото, во среќните времиња не помага. Гледајте напред и самите креирајте  посреќни времиња.

Многу  слободни пртпоставуваат дека немаат среќа и дека ќе останат сами цел живот. Но животот е предолг за да се оствари такво нешто. Можеби сега така размислувате, но шансите дека ќе останете сами цел живот се скоро никакви.
Се согласувате  на авантури за еден ден, дозволувате мажите лошо да ве третираат, ви станува неважно што некому сте му втора… Подобро пронајдете  поздрави начини за лечење на самотијата.
Прифатете го својот сингл статус, но не мојте да се фалите премногу со тоа, бидејќи тоа не звучи  уверливо, а може да ве повлече во потиштеност кога ќе сфатите дека всушност вашиот живот не е прекрасен  онолку колку што зборувате. Признајте дека би сакале партнер, но дека го чекате вистинскиот.
И самите знаете дека некои песни можат да ве рстажат  како и филмовите. Избегнувајте тажни песни и романтични филмови.

Кога конечно ќе запознатете некого лесно е да гледате  на таа личност како на спасител  и  сите свои надежи да ги  положите во таа врска. Успешните врски се ретки, работите ретко се развиваат како што би сакале ние, па затоа бидете внимателни со  одрекувањето од своите желби поради новиот партнер.
 Доколку се повеќе пријателки имаат момчиња, а вие не, дали тоа значи дека сте полоши од нив? Немојте воопшто да размислувате за другите и нивните животи, освен  доколку ве прашаат за совет и помош.Постојат лоши навики кои би требало да ги избегнувате. На овие работи луѓето лесно се навикнуваат, бидејќи понекогаш не се свесни дека ги прават до

Пронајдете не на следниве мрежи: