Дали може да препознаете нимфоманка? Еве неколку работи кои ќе ви помогнат на време да препознаете дали станува збор за жена која е нимфоманка…
Постојано ги менува партнерите, постојано има силен сексуален апетит, дури и после повеќе сексуални контакти. Изборот на партнер е без никаков филтер, без разлика на возраст, пол, надворешен изглед, зошто всушност огромниот стремеж кон остварување на полов контакт се објаснува не толку со неопходноста од доставување задоволство (всушност нимфоманките дури и не уживаат во сексот) колку со стремежот за трошење на натрупаната енергија и внатрешен дисбаланс и огромна напнатост.
Од друга страна се особено емотивни, чувствителни, психички нестабилни, па затоа треба внимателно да се однесувате со нив. Станува збор за манијакално/психички болни лица, кои имаат потреба од помош, а не од мажи гладни за секс, кои сметаат дека успеале да ја легнат.
Мажите исто така страдаат од нимфоманија, но кај нив оваа состојба потешко може да се дијагностицира, бидејќи постојаната сексуална желба кај мажите се смета како нешто нормално.
Како нови причини за појава на нимфоманија се потиснатата хомосексуалност и незавршениот психосексуален развој.
И сепак, нимфоманките не се само машка секс фантазија, туку реален и вистинит проблем како за себе си така и за околината. Нимфоманијата не е грев, тоа е болест!