Доколку и понатаму го сакате поранешниот, тргнете се од него

Најлошото нешто што може да ви се случи  во љубовта  е да останете  без личноста која искрено ја сакате и без која не можете да го замислите животот. Доколку и  понатаму  го сакате поранешниот, а тој кон вас не покажува  никакви чувства, време е да се тргнете од него,  а на кои начини можете да го сторите тоа прочитајте во продолжение.- Најважното  правило кое строго морате да го почитувате  е секако прекин на секаков контакт со поранешниот. Никако не смеете да го барате, да му праќате пораки или да се појавувате на места на кои сте сигурни дека тој ќе се појави.
– Сите заеднички фотографии тргнете ги на место  каде нема постојано да ги гледате. Доколку ви е полесно запалете ги. На овој начин ќе си направите себеси услуга и нема постојано да се потсетувате колку сте биле среќни  со него и повторно да се навраќате на почеток и да плачете одново.
– Никогаш, ама никогаш не смеете да се согласите на секс со него. Да сакал да биде со вас немало да ви раскине. Вака само може да ве искористи кога ќе му падне на памет, а вие со помош на повремен секс  никогаш нема да го вратите, туку само повеќе ќе страдате.
– По раскинувањето  потребно ви е одредено време да ја преболите поранешната љубов. Допуштете си да тагувате колку и да е потребно
-Морате да си објасните самите себеси дека тој не е единствениот на светот и дека за вас постои  можеби некој подобар кој навистина ќе ве сака и ќе сака да биде со вас.

– Пронајдете нов вид на забава. Запишете се на некој курс, излегувајте со пријателите, правете работи кои  не сте стигнале да ги правите додека  сте биле со него. На тој начин барем ќе го исфрлите од мислите на некое време.
– Допуштете други мажи да бидат љубезни кон вас и немојте да ги одбивате во надеж дека тој во секој момент ќе ве побара да се смирите. Време е да  продолжите  понатаму со својот живот и да им дозволите на другите мажи да ви покажат  што можат да ви понудат.- Најважното  правило кое строго морате да го почитувате  е секако прекин на секаков контакт со поранешниот. Никако не смеете да го барат

Пронајдете не на следниве мрежи: