ТОП 5 намирници кои го „билдаат“ машкото либидо

Стресот е најголем непријател за машкото либидо, бидејќи ја намалува желбата за секс дури повеќе од ладниот туш. Освен опуштањето со помош на вежби или некои други анти-стрес техники, врз машката желба влијае и храната. Притоа, не мислиме само на афродизијачките својства, туку и на квалитетот и изборот на намирниците кои секојдневно ги гледате во своите чинии.1. Протеини без хормони
Ја зајакнуваат машката потенција и можат да се најдат во говедското и свинското месо, јајцата и рибата. Секако, овие намирници ќе ги имаат посакуваниот ефект, доколку можете да дојдете до производи кои се одгледувани на органски начин, односно без додатоци на хормони, антибиотици и хемикалии.
2. Јаткасти плодови и семки
Оревите, бадемите и останатите јаткасти плодови му се сојузници на машкото либидо. Имено, станува збор за намирници кои се богати со омега 3 масни киселини и цинк, кој е задолжен за балансирање на количеството на тестостерон во организмот, производството на сперматозоиди и здравјето на простатата.
3. Зеленчук
Јадете зелена салата, блитва, спанаќ, брокула и други видови зеленчук кои се богати со витамин Ц, бидејќи тоа го спречува забавувањето на сперматозоидите и обезбедува подобро движење на овие машки полови клетки. Немојте да ја заборавите и киселата зелка. Во процесот на киселењето на зеленчукот, односно ферментацијата, доаѓа до создавање на конјугирани масни киселини кои се поврзуваат со подобрата плодност кај мажите.
4. Авокадо
Ова тропско овошје му е сојузник на секој потентен маж. Тоа наводно е природен лек против еректилната дисфункција, а древните Астеци дури го нарекувале и – чувар на тестисите.
5. Пијалаци што предизвикуваат возбуденост
Истражувањата покажаа дека мажите кои што пијат барем едно кафе дневно, се дефинираат како сексуално поактивни од оние кои што не ја практикуваат таа навика. Главен „виновник“ за тоа е кофеинот, кој ги буди буквално сите клетки во организмот.
Некои експерти препорачуваат и пиење на чај од гинсенг, бидејќи ова растение е познат зајакнувач на сексуалната возбуда кај мажите и го подобрува квалитетот и бројот на сперматозоиди.1. Протеини без хормони
Ја зајакнуваат машката потенција и можат да се најдат во говедското и свинското месо, јајцата и ри

Пронајдете не на следниве мрежи: