Секс правила кои важат ЗА МАЖИТЕ!

Јасно е дека сексот е важен во секоја врска, но некои мажи имаат заблуди кога станува збор за водењето љубов. Покрај сексуалните активности од голема важност исто така е односот кон партнерката. Овие неколку совети ќе ви помогнат за поквалитетен сексуален живот.
1. Ако нешто оди како што треба, продолжете со тоа
Не постои ништо полошо кога мажот за време на добар секс во последен момент одлучи да го промени ритамот. Ако предиграта е добра и партнерите фатат добар ритам нема потреба од промена. Не постои ништо полошо кога мажот во еден момент ќе стане груб и брз додека жената ужива во бавниот ритам. Важно е и двајцата да уживате во сексот што ви годи.
2. Луѓето имаат влакна
Ако од жените очекувате секогаш да бидат средени тогаш и вие треба истото да го правите. Навистина е чудно да инсистирате од вашата партнерка во интимниот дел да изгледа како 12-годишно дете, а тоа за вас да не важи.

 

3. Задолжителна е заштитата
Немојте да глумите дека сте заборавиле да купите кондом, секој нормален и слободен маж со себе има кондом. Ако го немате или одбивате да го користите кога треба да имате секс со нова партнерка тогаш воопшто не сте заинтересирани за секс, пишува ThoughtCatalog.
4. Порно филмовите немаат врска со реалноста
Работите што ги гледате во порно филмовите како совршени тела без влакна или возбудливи звуци на задоволство не се реални. Мажите кога созреваат сакаат да учат некои трикови од порно филмовите, но кога ќе си имаат работа со вистинска жена покрај себе, а не со порно актерка, време е да ги отфрлат тие трикови. Жените забележуваат кога мажите сакаат да изведат некоја акробација или имитација на нешто.
5. Големината не значи поголемо задоволство
Некои мажи мислат дека жените сакаат поголеми пениси, но тоа не е така. Најчесто жените доживуваат голема болка за време на сексот со партнер кој има поголем пенис. Големината е важна, но на жените им е поважно покрај себе да имаат маж кој ќе биде добар љубовник, но истовремено и добар партнер. Овие неколку совети ќе ви помогнат за поквалитетен сексуален живот.
1. Ако нешто оди како што треба, продолжете со тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: