5 грешки кои жените ги прават на почетокот на врската!

Доста често заљубените девојки имаат тенденција да се однесуваат токму како што не треба. Еве неколку грешки кои  најчесто ги прават.1.Тој е центар на светот
Запомнете- сеуште имате живот и обврски надвор од таа врска. Едно од најважните правила за среќна и здрава врска е дека вашата среќа не смее да зависи од него.
2. Занемарување на пријателите и семејството
Знаеме дека сакате секој слободен момент да го поминете со него, но тоа што ќе ги занемарите другите луѓе во својот живот не е во ред.
Секогаш обидувајте се да пронајдете време за своето семејство и пријатели. Тие ќе бидат тука и кога тој можеби повеќе нема да биде.

3.Социјални мрежи
Нема ништо лошо во тоа да објавите неколку заеднички фотографии на Фејсбук или Инстаграм, но делењето секој ваш момент со виртуелните пријатели спаѓа во лошо однесување. На вашата врска и е потребна интимност.
4. Големи планови
Тоа што сте среќни и заљубени не значи дека тоа е тоа. Сеуште сте на почеток, а вистинските проблеми сеуште не се на виделина. Правењето големи планови на глас, освен што би можело да го исплаши би можело  и да ве остави разочарани. Оставете работите да си одат по својот тек.
5.Споредување со бившиот
Е ова немојте воопшто да го правите! Тоа ќе придонесе само непотребен стрес, а би можело и да биде причина за кавга. Постои оправдана причина зошто тој е само минато!1.Тој е центар на светот
Запомнете- сеуште имате живот и обврски надвор од таа врска. Едно од најважните правила за среќна

Пронајдете не на следниве мрежи: