ДАМИ: Препознајте дали си имате работа со психопат!

Во последно време се појавуваат се` повеќе брутални инциденти над жените. Затоа ви го приложуваме овој текст, со цел лесно да препознаете маж кој има психопатски склоности.Сите знаеме дека љубовта е слепа, но затоа е потребна фаза за „отворање на очите“, со цел да не станете жртви.
Ова се показателите дека се соочувате со психопатска личност:
Грубост
Психопатот е склон кон грубо однесување. Тој лесно ќе влезе во тепачка, им се заканува на другите, има испади на бес. Лесно избувнува и прави опасни работи, како што се пребрзото возење, удирање на ѕидови и удирање на предмети.
Ви ја намалува самодовербата
Психопатот упорно ве „спушта“. Тој константно ги исправа вашите грешки и ви го корегира однесувањето. Тој ќе ви рече дека сте дебели, грди, дека зборувате глупости и дека изгледате лошо. Понижувањето и уништувањето на вашата самодоверба му овозможува да се однесува лошо кон вас, иако не сте го заслужиле тоа.
Емотивна нестабилност
Тој има фази кога е емотивно недостапен и ладен. Не сака да комуницира и делува луто без никаква причина. Нон-стоп ви наоѓа замерки и се` му пречи.

Посесивност и контрола
Ви забранува да излегувате, постојано ве проверува, ви забранува да комуницирате со други мажи. Кога ве бара на мобилен и вие не му кревате, ја бара причината зошто не сте го направиле тоа и со кого сте разговарале.
Сексуален промискуитет
Тој често изневерува и тоа го прави многу вешто, затоа ретко ќе го фатите на дело. Иако лаже, мами и не се чувствува виновно поради тоа, понекогаш ќе се соочи со своите грешки. Потоа тој ќе плаче, ќе моли и ќе ветува дека никогаш повторно нема да го направи тоа. Ова е уште еден вид на манипулација.
Паничи поради раскинувањето
Психопатот ужасно се плаши од идејата за раскинувањето, освен ако не е негова. Оваа опција едноставно не е прифатлива за него и тој ќе направи буквално се` што е во негова моќ за да го спречи тоа. Не е реткост да се скрши, расплаче, да моли, да ветува дека ќе се смени или да се заканува со самоубиство. Тој ве преплавува со телефонски повици, им се јавува на вашите најблиски и моли да ви пренесат колку ве сака.
Неспособни се за љубов
Психопатот не умее да сака. Неговата психолошка егоцентричност и емотивната затапеност не му го дозволуваат тоа. Жената за него е функција. Тој од неа се обидува да создаде средство за задоволување на своите потреби и притоа употребува разни манипулации за да го постигне тоа.Сите знаеме дека љубовта е слепа, но затоа е потребна фаза за „отворање на очите“, со цел да не станете жртви.
Ова се п

Пронајдете не на следниве мрежи: