Те загрижува неговата поранешна девојка? Еве зошто не би требала

Опушти се и биди своја и во никој случај не се обидувај да ја копираш неговата поранешна девојка. Доколку  крие нешто сигурно не би ја спомнувал.ЗНАЕМЕ, поранешната девојка на твоето момче некако пронаоѓа начин да ти го крене притисокот, иако се трудиш да не го направи тоа. Љубомората и несигурноста се сосема нормална појава  кога е во прашање девојката со која бил пред тебе, но во повеќето случаи  нема причина за грижа. Еве и зошто.
Не се споредувајте со неа
Не бара делови од нејзе во тебе, ниту пак ќе размислува за  тоа како таа нешто правела – ако е со тебе, размислува за тебе. Опушти се и биди своја и во никој случај немој да се обидуваш да ја копираш неговата поранешна девојка.
Тоа што ја споменува не значи ништо
Знаеме дека самиот спомен на нејзиното име  во погрешен момент може да ти го расипе денот, но гледај на тоа од негова страна: Доколку ја спомнува, тоа значи дека му е доволно удобно со тебе и дека може да се опушти и да ја спомнува без грижа. Доколку нешто крие сигурно нема да ја спомнува пред тебе.
Таа е како дух
Не е присутна во вашата врска, а доколку е, потполно е невидлива. Опушти се, во повеќето случаи таа е токму тоа – само поранешна.

Таа (веројатно) не е луда
Постојат жени кои ќе се обидат да го превземат поранешното момче  и да му ја уништат врската  со новата девојка, но повеќето жени тоа едноставно нема да го направат. Знаеме дека е можеби полесно размислувањето за неа како за луда девојка која едвај чека да ти го украде момчето, но таа веројатно е сосема нормална личност.
Твоето момче има свој мозок
Дури и ѓаволски да се труди, неговата поранешна не може да го добие  само затоа што сака. Твоето момче е самостојна  личност со свое размислување, а доколку таа игра игри, не значи дека тој ќе ги прифати.ЗНАЕМЕ, поранешната девојка на твоето момче некако пронаоѓа начин да ти го крене притисокот, иако се трудиш да не го направи тоа. Љубомората и неси

Пронајдете не на следниве мрежи: